Антиќ со лисици на рацете ја напушти полциската станица во Њујорк!


Антиќ со лисици на рацете се најде во една од њујоршките полициски станици, откако беше приведен поради попречување на истрагата и агресивно однесување.

Перо попладнево е пуштен на слобода, а неизвесно е дали ноќеска ќе игра за Атланта хоукс против Бруклин нетс. Со него во полиција заврши и неговиот соигра Табо Сефолоша, поради слична постапка, а најлошо мина Коупленд и неговата сопруга. Тие завршија во болница со убодни рани од нож.antic

Упасен е и напаѓачот на Коупленд, во шокантниот инцидент пред еден од престижните њујоршки клубови „1 ОАК“. Антиќ и Сефолоша пристигнале на забавата само еден час откако со експедицијата на Атланта хоукс пристигнаа во Њујорк, а Коупленд со Индијана пејсерс требаше да игра против Њујорк никс.

Засега нема подетални информации, што е причина за нападот во кој се повредени Коупленд и неговата сопруга, а потоа и уапсени Антиќ и Сефолоша, поради попречување на полициската истрага на местотот на инцидентот.

Антиќ, заедно со својот клупски колега Швајцарецот Табо Сефолоша синоќа беа уапсени под обвинение дека ја попречувале работата на њујоршката полицијата, недолично се однесувале кон службените лица, кои правеле увид по инцидентот во кој беше повреден кошаркарот на Индијана, Крис Коупланд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1