Убиецот на медицинската сестра Диана, знаел дека е бремена


Основното јавно обвинителство на Скопје извести дека обвинет е Н.К. за кривично дело убиство на бремено лице, настан кој се случи на 9 јануари годинава околу 19 часот во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат. detska klinika nokj
Обвинителството извести дека тој со умисла ја убил покојната и сега обвинетиот знаел дека жртвата е бремена.

„Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт“, се вели во известувањето до јавноста од ОЈО.

Детали за хоророт на Детска клиника – убиената медицинска сестра имала детенце

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1