Авион на „Луфтханза“ принудно слетал во Франкфурт


Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“, беше принуден да се врати на меѓународниот аеродром во Франкфурт и да принудно да слета, поради проблеми со еден од вентилите на крилата, соопшти ТАСС.

Претставник на авиокомпанијата изјави дека нема повредени. Според него авионот А380, со 366 патници требало да стигне од Франкфурт до Мајами.lufthanza

– По полетувањето настанал проблем со еден од вентилите, кои се наоѓаат на крилата, рече тој. Потоа авионот бил вратен и успешно слетал во Франкфурт, изјави вработениот.

Според неговите зборови, на патниците ќе им биде предложен друг авион со кој ќе го продолжат своето патување.

Денеска и патнички авион на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“,  вонредно слета во Нирнберг. Според аеродромските власти никој не е повреден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1