Градските власти објавија конкурс за избор на 3 најдобри фотографии со мотиви од Скопје. Може да учествуваат сите и професионалци, аматери, деца и други љубители на фотографијата.
Може да конкурирате и со стари фотографии само да не се постари од пет години. Може да го сликате целиот град – било која општина во кој било период од денот или сезона.
Авторот на првонаградената фотографија ќе добие награда од 50.000 денари.
Втората награда изнесува 40.000, а третата 30.000 денари. Kонкурсот трае до 30 април.
На ланскиот конкурс за најдобра фотографија беa прогласени следните фотографии
„Скопје рано“ на Зоран Ефремов.
Втората награда отиде во рацете на Дарко Цветановски за фотографијата „Сообраќај“,
третата ја доби Влахо Бранѓолица за фотографија со наслов „Порта ноќе“.