2 трудници се борат за живот, 50 хоспитализирани – грипот во Македонија


Шеесет и седумгодишна велешанка почина завчера од грип, а во тешка состојба се најмалку уште 50 заразени, кои се хоспитализирани на Kлиниката за инфективни болести. Четворица од нив, меѓу кои и две трудници во поодмината фаза на бременоста, се борат за живот на интензивниот оддел.

infektivnaОва го потврдија вчера надлежните од Kлиниката и Министерството за здравство, соопштувајќи дека кај првата жртва од грип бил потврден вирус од типот А (Х3Н2).

– Се зголемува бројот на пациентите со грип – од 100 хоспитализирани на клиниката, 50 се со грип, а кај нас се примаат тие во тешка состојба и со компликации. Сега двајца се на апарат за дишење. Во јануари имавме пет трудници заболени од грип, а две се с` уште на интензивна нега. Вирусот од типот А (Х3Н2) е присутен со години, а во сезона на грип може да даде потежок клинички израз отколку другите типови вирусна инфлуенца А – изјави директорот на Kлиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ.

Грипот зема с` поголем замав – досега се регистрирани 1.941 случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1