Апел на весникот „Лајм“: Ако некој сака инциденти, нека ги почне во Зајас!


Ако некој смета дека е време албанската војска да тргне против македонската војска и полиција, за да нè убеди дека е искрен во своите намери, оваа војна нека ја почне во Зајас, апелира весникот „Лајм” по денешните настани на македонско-косовската граница, во селото Гошинце.uck ona uniforma

Веќе подолго време апелираме дека единствениот спас за некои политички структури е да се измисли етнички вооружен конфликт, пишува весникот „Лајм“. Во весникот во неколку наврати се предупредуваше дека е можно да се подготви албанска вооружена структура која ќе предизвика инциденти, за да ја предизвика полицијата да интервенира. Инцидентот во селото Гошинце е дел од ова сценарио, тврди весникот.

„Лајм“ се согласува дека во многу области Албанците денеска се повеќе дискриминирани отколку во 2001 година. Но, ако некој смета дека е време албанската војска да тргне против македонската војска и полиција, за да нè убеди дека е искрен во своите намери, оваа војна нека ја почне во Зајас. Од почетокот ги изразивме нашите сомнежи дека ако почнеш конфликт или инцидент каде и да било надвор од Зајас, тогаш тоа може да биде сценарио подготвено само од владата, пишува весникот.

Затоа, апелот се однесува и на населението во Липково од кое се бара  итно да ги изолира овие вооружени лица пред полициската интервенција, затоа што тогаш хаосот тешко ќе може да се контролира. Тие мора да испратат јасна порака дека Албанците од Липково и Куманово ќе поддржат секаква политичка војна ако почне во Зајас.

Се апелира и до државните институции на Косово да ја спречат злоупотреба на границата и територијата на Косово, бидејќи целта на овие структури е конфликт што ќе им наштети не само на Албанците од Македонија, туку и на имиџот на Косово како држава.

Апелот е упатен и до меѓународната заедница да не ги дозволи овие конфликти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1