Апел од една мајка: Ве молам, не посетувајте новороденче без дозвола од родител


Блогерката Лора Грејс Велдон ја споделува својата животна приказна преку која на сите родители им порачува никогаш да не примаат посетители барем првата недела по раѓањето на бебето.

„Приврзана сум за моето семејство и од двете страни. Мојата свекрва и девер живееја со нас 10 години, моите деца за нив прават рачно изработени подароци, а јас секој празник се обидувам сите да ги соберам на едно место. Но, има една околност во која не сакам да не посетуваат. Добро е да не остават барем првата недела од раѓањето да бидеме сами. Станав алергична на доаѓања и заминувања во првата недела откако бабата на мојот сопруг ги игнорираше моите молби да не доаѓа и да нè остави сами“ – така ја започнува својата приказна.mother-_-baby-1_1

Зошто?

„Три дена откако се роди нашето прво дете, баба ни остави јасна порака. Доаѓам. Веднаш. Сега.

А, мојот сопруг и јас само што почнавме да уживаме во малиот круг наречен „мама, тато и бебето“. Бенџамин беше вистинско мало чудо. Тоа беше нашето време кога за првпат ја откривавме магијата на родителството и не сакав да ги комплицирам работите со разговори околу тоа како „изгледам одлично“.

Бев исцрпена и со обврски како и секоја млада мајка која само што ја открива улогата. Чекате 9 месеци за да го видите малото кое расте во вас. Меѓу другото, брадавиците ми беа воспалени, бев ненаспана, а нивото на естроген со голема брзина ми опаѓаше. Знам многу мајки кои многу бргу по породувањето можат да се вклучат во социјалниот живот, но со мене не е така.

Кога пристигна бабата на мојот сопруг, сè она што го чувствував претходно за миг исчезна. Сето тоа е убаво да се види, посебно кога го бакна, но мојата нежност за бргу исчезна кога со умешност на крадец ми го одзеде од рацете. Го почувствував мирисот на нејзиниот парфем кој се рашири во просторијата, а моментот кој дефинитивно ме изнервира беше кога одбиваше да го врати и покрај тоа што Бенџамин почна да се бунтува.M8301195-Parents_kissing_baby_boy-SPL

„Знам како со бебињата“ – ми кажа, обидувајќи се да ме убеди да се релаксирам. Не успеа.

Го стави на своето рамо со лицето свртено кон нејзиниот џемпер кој беше толку парталав што мислев дека ќе ми се задуши детето. Едвај станав да го земам, а таа ми избега и почна да го клати Бенџамин горе-долу. Веќе почна да плаче. Да вреска. Оној очаен плач кој го активира секој нерв на новопечената мајка.

Ми се дигна косата на главата. Ја отворив устата, но болките во грлото ги спречија зборовите. Никогаш дотогаш не сум почувствувала толку силен бран на енергија и емоции. Дотрчав до моето бебе како гризли мајка и успеав да изустам само неколку зборови.

„Сакам да ми го вратите бебето инаку нема да бидам одговорна за она што ќе го направам и изговорам“ – само тоа успеав да кажам.

Дотогаш, ме викаше слатка девојка па ова однесување и дојде како вистински шок. Воопшто не беше свесна дека бев во состојба на постпородилен бес и дека бев во состојба да и ги заријам забите во рака, ако тоа е потребно.

Го зграбив мојот расплакан син, го однесов во спалната соба и ја треснав вратата. Адреналинот сè уште струеше низ мојата крв. Останав во соба сè додека не си отиде. Сфатив дека малку се исплаши од мене.

Верувам дека сум можела многу подобро да реагирам и да ја поднесам целата ситуација. Искрено, можеше и таа. Ако ништо друго, барем мојот сопруг сфати дека нашето семејство треба да се држи барем недела дена подалеку. Оттогаш се породив уште три пати.

Таа ситуација ме научи дека нема ништо посилно од импулсот на мајката која штотуку ја добила таа улога и која сака да биде сама со своето бебе.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1