Апелациониот суд во Скопје ја намали за една година затворската казна за поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски кој, за злоупотреба со тенковски делови, беше осуден на три години затвор. Од Основниот суд 1 соопштија дека на Бучковски и на поранешниот началник на генералштабот Методија Стамболиски им се досудени затворски казни од по две години.
На првостепената пресуда со која беа осудени на по три години затвор се жалеше Обвинителството чија жалба Апелација ја одбила. Бучковски и останатите обвинети бараа да се укине пресудата.
Ова е втора одлука на Апелација која веќе еднаш ја имаше укинато пресудата и вратено на повторно судење кога беше изречена три годишната затворска казна. Според пресудата, осуедните го оштетиле Министерството за одбрана за два милиони евра , штета која по правосилност на пресудата ќе треба солидарно да ја надоместат.
Бучковски заедно со поранешниот началник на генерал-штабот на АРМ Методиј Стамболиски и уште тројца обвинети се товареше за злоупотреба на својата положба и функција набавил енормни количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година и со тоа го оштетил Буџетот за околу 2,5 милиони евра.
Фото – Академик.мк