Апелација ја намали казната – Четири години затвор за Јанкулоска


Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предмет „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

– Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

Од Апелација информираат, дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка што за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1