Апелација одлучува за Диво Насеље


Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље.
На јавната седница присуствуваат само тројца од обвинетите, откако останатите вчера доброволно ја напуштија седницата, која имаше тензичен старт со навреди од обвинетите кон судот.

Судската сала во Врховниот суд, која вчера беше пополнета до последно место и со силно полициско обезбедување, денеска е речиси празна. Во судница се само двајца обвинети, кои во првостепена постапка добија ослободителни пресуди и еден осуден на 12 години затвор, спроведен од куќен притвор, како и голем број адвокати, јавност и новинари.

Претседател на совет е судијката Цветанка Периќ, која на почетокот посочи дека по однос на жалбите најпрво збор ќе има одбраната, а потоа и јавниот обвинител, кој како што нагласи, има жалба само по однос на ослободителниот дел.

Одлуката по жалбите, Апелацискиот судечки совет ја објавува јавно, преку соопштение, неколку дена по завршување на јавната седница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1