Хрватската пејачка Дорис, лудо го сакала покојниот српски командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатовиќ Аркан!
Љубовта меѓу Дорис и Аркан цветала во доцните осумдесетти, пред да започнат борбите во поранешна Југославија.
– Тоа беше врска базирана на страст, особено кога станува збор за Аркан – тврди изворот: – Во тоа време, тој често ги фалеше нејзините вештини во креветот, додека Дорис беше заљубена како ученичка. Тие беа на работ на брак. Жељко уште тогаш размислувал за развод од поранешната сопруга Наталија – открива соговорникот. Дорис и Жељко криеле дека се во врска, но сепак излегуваа заедно, особено во Белград, во клубовите “Нана”, “Тридент” и “Мажестик”.
Ова го потврдува добро познатиот шоу- биз менаџер Влада Перовиќ, кој често ги гледал заедно.
– Захар и јас ѝ го работевме албумот, но кога сфативме дека таа е фашист, престанавме да се дружиме. Сепак, таа продолжи да доаѓа кај мене во “Дуга” и тоа со Аркан. Се влечеше по Белград со него, а се зборуваше дека биле во “крес“ комбинација – вели Перовиќ.
Изворот вели дека Аркан и Дорис едноставно биле без грижа.
– Проблемите во старата Југославија се уште не се започнати, но постоеше напнатост, па за неа од Сплит не беше толку лесно да се биде во врска со Жељко, кој беше лидер на навивачите на Црвена Звезда. Аркан често бараше од неа да се пресели од Сплит во Белград, а таа одговорила дека тоа ќе го стори штом тој се разведе од Наталија – раскажува одлично упатениот соговорник и додава:
– Дорис и Жељко сите контакти ги прекинаа, кога тој беше уапсен 1990 година во Двор на Уна, а Хрватска прогласи независност. Кратко време по овоие настани Аркан ги формира “Тигрите” и се приклучи на војната во поранешна Југославија, а Дорис се мажи за ватерполистот Марио Будимир и му роди син.
Жељко 1993. се запозна со Светлана Цеца Величковиќ и се оженил со неа две години подоцна.
– Знаеше тој и пред Цеца периодично да ја спомене Дорис, се шегуваше дека била “чудо” во креветот, што страшно ја вознемируваше. Сепак, сите кои тогаш се дружеле со нив знаат дека Дорис многу повеќе ко сакаше Аркан отколку тој неа – завршува изворот.
По раскинувањето со Аркан, Дорис стапи во брак со спортската легенда Марио Будимир и беше именувана за “Кралица на Торцида”. Овој наслов го загуби, кога 2000 г. за Нова година пееше во Игало пред црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за неверојатни 120.000 марки. Само неколку недели порано, кога во декември 1999 г. почина Фрањо Туѓман, Дорис беше член на најголемите ѕвезди и навивачи на ХДЗ, му оддаде почесна стража на одарот. Затоа, нацијата беше шокирана од нејзината согласност да пее за Мило Ѓукановиќ.
Хрватските новинари кои се обидувале да влезат на концертот во Игало, беа исфрлени од хотелот. По враќањето во Хрватска, неколку месеци не се појавувала во јавноста, а нејзината прва утакмица по овие настани, неславно заврши. Навредените фанови на Торцида јавно ја повредија поради лицемерието и засекогаш ја отстраниле “од престолот”.
Дорис не одговори на прашањата: Дали е вистина дека била во врска со Жељко Ражњатовиќ Аркан, дали, кога ќе стаса во Белград ќе го посети неговиот гроб и дали би се мажела за Аркан ако немало конфликт во поранешна Југославија