АРМ најавува санкции за војникот, кој напиша дека напаѓачот од Нов Зеланд заслужува Нобелова награда


„Нобелова награда за храброст да се даде на „напаѓачот“ човек од Нов Зеланд. БРАВО БРАВО“ напиша припадничка на АРМ на својот фејсбук профил и покрена низа критики и негативни реакции во јавноста како во Македонија така и во регионот.

За „Либертас“ од Генералштабот на АРМ велат дека ќе следуваат санкции за професионалниот војник Татјана Лазаровска, за ширење говор на омраза преку социјалните мрежи. Лазаровска наиде на осуда кај јавноста и медиумите откако од својот фејсбук профил прокоментира дека терористот од Нов Зеланд, одговорен за масакрот во две џамии каде беа убиени 50 луѓе, заслужува Нобелова награда.

Од АРМ потврдуваат дека Лазаровска е вработена како професионален војник. Од таму го осудуваат нејзиниот коментар и велат дека ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1