Заев за дуелот со Мицковски: гледајте, ќе биде интересно со Мицкоски


Премиерот Зоран Заев за денешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција – рече Заев

Тоа ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Ги повика младите да не чеклаат работно место во јавната администрација затоа што така ќе ги загубат своите креативни сили.

Доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред. Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, рече Заев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1