Американскиот актер Арманд Асанте му оддаде почит на српската легенда Драган Николиќ и му изрази сочуство на неговото семејство, пренесуваат српските медиуми.
Асанте изјавил дека Николиќ е легенда на Југославија и дека со својот талент и шарм би можел да го усрами пола Холивуд, само ако посакал.
Асанте и Николиќ се запознаа на снимањето на „Монтевидео: Се гледаме“, каде американскиот актер глумеше спортски агент и ловец на таленти. Николиќ, пак, го играше претседателот на ФИФА, Жил Риме.