Арсен Дедиќ ќе мора повторно да учи да оди


По повредата од пред една година, кога незгодно падна, Арсен Дедиќ денеска повторно го оперираше колкот и во моментот се опоравува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Акромион во Хрватска.Arsen-Dedic-i-Miso-Kovac-300x173

– Не можеше да оди без бастун, а знаете какви се Далматинците. Тој не сакаше да си дозволи да не го реши тоа – изјавила за „Јутарњи лист“ неговата сопруга Габи Новак.

Новак вели дека на познатиот музичар сега му претстојат две недели рехабилитација во клиниката, а потоа и долго опоравување.

– Ќе мора да учи да оди одново, али се ќе направиме, полека и заедно – вели пејачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1