Грција ќе добие нов пакет финансиска помош, но што ќе даде за возврат?


Грција ќе добие нова финансиска помош, одлучија едногласно лидерите од еврозоната, соопшти Доналд Туск претседател на Европскиот совет. За возврат грчкиот парламент треба до среда да изгласа пакет тешки реформи

– Се е подготвено Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи, напиша Туск на Твитер.cipras

Со ова ќе биде избегнат банкрот на земјтата и нејзин излез од Еврозоната, а Еврозоната ќе продолжи со финансиска поддршка на Грција преку Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ). третата исплата на помош на Грција во наредните три години ќе изнесува 87 милијарди евра, при што грчкиот Парламент има рок од два дена за да ги изгласа строгите мерки на штедење, по што би требало и националните парламенти на останатите 18 земји од Еврозоната да дадат „зелено светло” на најновиот заем, по оние 323 милијарди евра помош што Грција досега ги доби од меѓународните кредитори – ЕК, ЕЦБ и ММФ.

Имено, со цел да избегне „грегзит”, односно излез на Грција од еврозоната, Ципрас се согласи на формирање на Фонд за доверба во кој Атина ќе инвестира средства, имот и државни компании во вредност од 50 милијарди евра, а со тој фонд ќе раководат ЕУ и Еврозоната, со цел да послужи за враќање на дел од долгот, но и за докапитализација на грчките банки и овозможување на економски раст.

Попрецизно, 25 милијарди евра ќе бидат потребни за докапитализација на банките во Грција, додека останатите 50 отсто, што ќе бидат инвестирани од Владата на Грција ќе се користат за креирање на економски раст и нови работни места.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која ја одигра клучната улога во овие преговори, со оглед на тоа што нејзината земја е најголем доверител на Грција, по успешниот договор со Грција истакна дека, сепак, довербата е загубена, но дека договорот е мирен и најважно е тој да се имплементира.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави по средбата во Брисел, дека излегувањето на Грција од еврозоната е минато и дека е соочен со тешки одлуки и дилеми, но договорот ќе и овозможи на Грција да застане на свои нозе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1