Асанж се уште не е предаден на Шведските власти



Рокот за предавање на Џулијан Асанж на шведските власти по обвинувањето за силување и сексуален напад истече вчера, во сабота.

Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон од 19 јуни, кога побара политички азил во Еквадор, чии власти се уште ја разгледуваат неговата молба, пренесува Си- Ен- Ен. Врховниот суд на Велика Британија го отфрли барањето повторно да се разгледа неговата жалба на одлуката за негово предавње во Шведска.

„Судот нареди дека рокот нема да почна пред истекот на 14 дена од денеска“ било соопштено тогаш на шведското обвинителство. Портпаролката на обвинителството Карин Росендер претходно потврди дека во сабота ќе биде последен ден кога се очекува предавањето на основачот на „Викиликс“.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1