Фото: Ќе се гради елитен приватен аеродром во Хрватска?


За три години елитниот туризам во задарско- шибеничкиот регион би  можел да стане реалност. Сега за сега, се е само на хартија, планови и проекти за изградба ба на првиот приватен аеродром во Хрватска.
„Ако се оди како што е планирано и доколку ни се издаде дозбола за локација веќе во септември може да почнеме со теренска работа“ изјави Жељко Барадиќ, градоначалник на општина Станковци.
За изградба на аеродромот инвеститорите, домашни и странски деловни луѓе се подготвени да инвестираат 35 милиони евра, а градоначалникот воопшто не се  сомнева во исплатливоста на проектот.
„Аеродромот ќе биде наменет за богатите. Ќе има хотели, водни паркови, казина, спортски и рекреативни објекти и дом за стари лица – родители на милионерите кои имаат авиони – изјави Барадиќ.
Проектот има целосна поддршка од Владата, бидејќи станува збор за инвестиција од 300 милиони евра.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1