Ни птичји грип ни САРС-лекарите не знаат што ги убива децата во Камбоџа



Здравствените власти во Камбоџа и понатаму се збунети и не знаат која е новата болест која изминатите три месеци однесе 56 деца. Се што знаат за таа болест е дека не е ниту птичји грип, ниту САРС, но и дека не е заразна.

Поради тоа што се уште не се знае за која болест станува збор, Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Камбоџа се договориле да зборуваат за оваа болест како за „недијагностициран синдром“.
„Го анализираме секој случај и се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации“ изјави Ли Сован, помошник директор на службата за контрола на болести на Камбоџа.
Бит Ричнер, швајцарски педијатар и основач на детската болница Канта Бопа во која примаат околку 85 проценти од тешко болните деца во оваа земја, тврди дека од средината на април до сега заболеле 66 деца помлади од седум години. Најизложени се оние кои имаат по две или три години. Тие имаат слаб имунитет и многу често починуваат, изјавил тој.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1