ВИДЕО: Избегната трагедија на трката во Силверстоун


Иако на денешната Ф1 трка победи Марк Вебер, целото внимание на јавноста беше свртено во боксот на тимот Заубер.

Пилотот Камуи Кобајаши, невнимателно во 38от круг влезе во боксот и со предното крило од болидот удри во тројца механичари.

По крајот на трката, од тимот на Заубер соопштија дека во инцидентот се повредени члена на механичарскиот дел од тимот, едниот со повреди на ножниот палец, а другиот завршил со хематоми и исекотини на потколеницата.

Во целиот инцидент среќа имал човекот што го контролира престојот на пилотот во боксот, кој исто така се нашол на земја, но поминал без последици.

Јапонецот после трката им се извинил на колегите од екипата, признавајќи дека за инцидентот не е никој друг виновен освен него. Причината ја наоѓа во тоа што предоцна закочил откако влегол во боксот.

Сепак, јапонскиот пилот, иако се извинил за инцидентот, казнет е во вредност од 25.000 евра.

[youtube http://www.youtube.com/watch?v=HmPDUcOW7Lk]

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1