Видовитиот Пастор Рикардо Салазар предвидува дека Кина и Русија ќе започнат војна против САД три месеци откако Европа, поради наезда на бегалци, ќе ги затвори своите граници…
Затворањето на границите, на некој начин, т.е. ограничувањето на преминот на бегалците веќе се случи пред нецел месец, што значи дека големиот глобален судир би можело да се случи веќе летово.
– Освен што ќе избие војна, Земјата ќе ја погоди астероид на 16 мај, кој ќе предизвика многу потреси и смрт на милијарда луѓе – вели Салазар во Јутјуб видеото, но најавува и Христово доаѓање.
Салазар е перуански правник кој живее во Јапонија, а има план да го изгради најголемиот христијански храм на светот. Вели дека во соништата и предвидувањата му се јавил Бог и му рекол дека всушност тој е канал за пренесување на предвидувањата.
Лудо или не, еве што се предвидува:
1. Април 2016: На небото ќе се појави ѕвезда која од ноќ во ноќ ќе станува се поголема. Русите ќе потврдат дека станува збор за астероид кој ќе се судри со Земјата.
2. 16 мај 2016: Астероидот ќе ја погоди Земјата и ќе падне кај брегот на Порто Рико. Тоа ќе предизвика земјотреси и цунами. Ќе се активираат вулкани, а Калифорнија ќе исчезне.
3. 16 јуни 2016: Ќе започне трета светска војна меѓу САД од едната страна и Русија и Кина од другата. Ќе се користат и атомски бомби кои ќе се уништат градови во САД и Јапонија.
4. 25 октомври 2016: Војната ќе заврши. Ќе победат Русија и Кина, зашто Америка ќе биде ослабена.
5. Март 2017: Кинескиот јуан ќе стане првата глобална валута
6. Крај на 2018 до средина на 2019: Русија ќе го нападне Израел
7. 2020: Ќе се појави Антихрист кој ќе седне на столицата во Божјиот храм во Ерусалим. Ќе започне отворен прогон на христијаните.