Астронаут кој одел по Месечината: Вонземјаните го спасуваa светот од нуклеарна војна


Ветеранот на мисијата Аполо 14 Едгар Мичел тврди дека НЛО дошле со мирољубиви намери за да го спречат човештвото од самоуништување.

Шестиот по ред човек кој одел по површината на Месечината, изјави дека вонземјаните дошле на Земјата за да спречат атомска војна меѓу Америка и Советскиот Сојуз, објавува Јутарњи лист.edgar

Едгар Мичел, ветеран од мисијата Аполо 14 од 1971 година изјави дека високи воени извори забележале НЛО во текот на тестирањето на атомско оружје.

Космонаутот јавно зборува за вонземјани од кога слетал на површината на Месечината, станувајќи едно од најпроминентните лица во НЛО заедницата.

Тој изјави дека воените инсајдери виделе необични летала како ги прелетуваат ракетните бази, како и познатата фабрика во Вајт Сендс каде во 1945 година е детонирана првата атомска бомба.

Мичел пораснал во Ново Мексико во близина на подрачјето за тестирање на бомби, како и Розвел, каде наводно се случила една од најпознатите НЛО епизоди.

– White Sands беше подрачје за тестирање на атомоско оружје – рече Мичел и додаде: – Моето сопствено искуство од разговорите со луѓето покажува дека вонземјаните се обидувале да спречат војна со атомско оружје и помагале да се одржи мирот на Земјата.micel astronaut

Мичел тврди дека слушнал слични приказни од луѓе кои биле во ракетни бази во текот на најтензичните делови од 20 век.

– Разговарав со многу пилоти на Воздушните сили кои работеа во тие силоси во текот на Студената војна и тие ми рекоа дека НЛО често ги надлетувале и често ги онеспособувале нивните проектили.

– Други пилоти од брегот на Тихиот Океан ми рекоа дека летатала на вонземјани често ги рушеле нивните проектили за тестирање. – Тие денови имало многу активности – заклучува Мичел.

– Едгар Мичел е чесен и искрен човек, со кој имав чест да се сретнам – вели Ник Поуп, поранешен истражувач на НЛО од британското Министерство за одбрана.

– Но, колку што ми е мене познато, многу негови информации за вонземјани доаѓаат не од работи кои самиот ги искусил, туку од она што му го кажале други луѓе.

– Поради тоа што е, тој има пристап до владиниот, воениот и разузнавачкиот персонал на највисоко ниво, но бидејќи не ги именува своите извори, не можеме да бидеме сигурни дали тие луѓе биле искрени со него и дали воопшто имале пристап до некои тајни информации за постоење на НЛО.

Поуп вели дека идејата за мирољубивите вонземјани кои дошле да го предупредат човештвото дека се однесува деструктивно, е популарна меѓу тие кои го негуваат New Age пристапот кон НЛО феноменот.

– Тоа е убава замисла, но ако бев скептичен, би рекол дека тоа е токму тема од класичен научно фантастичниот филм од 1951 година The day the Earth stood still (Денот кога Земјата застана) – продолжува тој.

– Сигурно имало некои интригантни појави на НЛО околу нуклеарните постројки и воените бази општо, но алтернативно објаснување е дека некои од тие видени летала се резултат на шпионска активност со тајни шпионски авиони или дронови.

– Со оглед дека вселената е стара околу 14 милијарди години, ако не посетуваат, тешко е дека тоа го прави цивилизација која е технолошки само неколку стотици години пред нас. Веројатно би биле милиони години постари, па би можеле да прават што сакаат, а не само да онеспособат неколку тестирања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1