Aстронаутот кој не забавуваше сите се прости од вселената и се врати на земјата (Видео)


Денеска на Земјата се враќа канадскиот астронаут Chris Hadfield, кој стана познат по тоа што често твиташе од вселената и испраќаше интересни едукативни видеа објавени на каналот на Канадската вселенска агенција на Youtube.

hadfieldПокрај тоа што го забавуваше светот со неговите поетски твитови, извонредни фотографии и  лекции за изведување на наједноставните активности во бестежниска состојба, Hadfield го почести светот и со посебна музичка изведба. Тој на Меѓународната вселенска станица го преработи хитот на David Bowie „Space Oddity“, издаден во 1969, годината кога Neil Armstrong  стапна на Месечината. Самиот Bowie, преку Твитер го поздрави авторот на спотот, а видеото на Youtube за помалку од 24 часа го виделе речиси два милиони луѓе.

Tој ја предаде командата но направи и последно видео – во кое емотивно им се заблагодари на сите негови фанови на земјата кои го поддржуваа и следеа за време на неговата вселенска мисија. Погледнете

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1