Aтеистите подискриминирани и од хомосексуалците


Од границите на христијанскиот Запад па се до Исламскиот Блиски Исток, атеистите се соочуваат со дискриминација и прогон, вклучувајќи и егзекуција, доживотен затвор, одземање на државјанството и негирањето на образованието и здраствените услуги.
Меѓународната хуманистичка и етичка унја IHEU, на 69 страница од студијата под наслов „Слобода на мислата 2012“ излезе со глобален извештај за дискриминацијата на хуманистите, атеистите и нерелигиозните.
Извештајот опфаќа закони кои влијаат врз слободата на совеста во 60 земји и ги наведува бројните поединечни случаи каде што атеистите биле прогонувани за нивните верувања.
Во извештајот се наведуваат и дискриминаторските закони со кои се негираат атеистите нивното право да постојат, прекините на нивната слобода и верување, одземање на правото на државјанството и ограниченото право да стапат во брак.
Другите закони го вклучуваат попречувањето на пристапот до јавното образование, забраната да обавуваат јавна функција, спречувањето да работат за државата, нелегализираната критика за религијата и напуштањето на религијата на нивните родители.
Во извештајот се тврди дека атеистите во исламските земји – како што се Авганистан, Иран и Пакистан- се соочуваат со најлошите дискриминации вклучувајќи ја и смртната казна. Студијата не посочува специфична егзекуција, но, тврди дека смртната казна често се пренасочувала во доживотна казна затвор. Во земји како Бангладеш, Египет и Индонезија, атеистите или хуманистите често се гледале како богохулење на законите нешто што е строго забрането.
Во повеќето од овие земји од граѓаните се бара да се регистрираат како учесници во официјално признатата религија – обично христијанството, јудаизмот и исламот. Без оваа регистрација, на граѓанте не им е дозволено да примаат медицински услуги, да присуствуваат на универзитет или патување во странство.

 

Анти-атеистичка дискриминација во Северна Америка и Европа

Во извештајот се нагласува дека неверниците се дискриминирани и во САД и во Европските земји. Во САД „атеистите и нерелигиозните се направени да се чуствуваат помалку Американци или не-Американци“.
Во најмалку седум американски држави, уставните одредби не дозволуваат атеистите да извршуваат јавна функција, а додека во Арканзас, постои закон кој не дозволува атеист да сведочи во судски процес.
Американски војници биле принудени да присуствуваат на евангелистички христијански настани. а затворскиоте центар во Јужна Каролина негираше затвореници и каков било книжен материјал, освен од Христијанската библија.
Во канадската провинција Онтарио, државните фондови од Католичкото верско образование, не обезбедувало средства за други верски училишта. Една третина од јавните училишта во Онтарио се католички училишта, а овие институции можат да ги исклучат некатоличките деца и персонал.
Во Швајцарија учител бил отпуштен од работа во 2010 година по загриженоста на промоцијата на државата на католицизмот во јавните училишта. Наставникот бил отпуштен откако го тргнал крстот од училниците во државното училиште.
Секоја година британските деца се враќаат назад од локалните државни школи порди верувањата на нивните родители.  Полската музичарка Дорота Рабцзевска била казнета со 1450 долари казна за навреда на верските чуства, кога изјавила дека во 2012 година Библијата е полна со неверојатни приказни.

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, повика во 2010 година за „Муслиманите, евреите и христијаните да се обединат за да се изборат против заканата дека тврдиот атеизам претставувал закана за општеството“.

Хајнер Биелефед специјалниот известувач на ОН за слобода на вероисповед или убедување, го поздрави објавувањето на извештајот и изрази загриженост поради недостигот на свест за примената на меѓународните човекови права за заштита на атеистите, религиозните скептици како и на други групи.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1