Нема крај на светот, Македонија ќе е рај за живеење, ќе го решиме името – влегуваме во НАТО!


Јасновидецот Чавковски во интервју за весникот Вечер ги дава своите предвидувања за 2013 година, а и понатака. Според него не е се така црно – напротив на пат сме да ни биде розово.

Ви пренесуваме дел од интервјуто

Нешто околу иднината на Македонија и за спорот за името?

Чавковски: Најбитно за нас е тоа што ќе не примат во НАТО, а спорот за името ќе успееме конечно да го решиме, ќе има и промена со географска одредница, но не и во националниот идентитет и јазикот, а ќе има дури и референдум за одлуката околу името.

Кај нас промените ќе одат побавно, но знам дека сме на добар пат. Повторно ми се враќа оптимизмот, затоа и се вратив овде по осум години отсуство од овде. За само неколку години Македонија ќе биде прекрасно место за живеење. Ќе има и странци кои ќе сакаат овде да живеат, ќе купуваат имоти, ќе инвестираат, голем дел и од нашите луѓе по светот ќе се вратат назад. Скопје ќе биде една од најпосакуваните дестинации за живеење во регионов.

Треба ли луѓето да се плашат од крај на светот или идеите за уништување на нашава планета се апсурдни?

И покрај повеќето апокалиптични древни записи и пророштва за пропаста на светот на денешен ден, како и на 21.12.2012, јас како современ јасновидец и човек кој може да ја види иднината одговорно можам да кажам дека тоа нема да се случи. Нема место за паника, се повеќе ми се наметнува мислата дека е ова само хистерична медиумска манипулација на глобално ниво, држејќи го светот во страв, убедувајќи не дека постои нешто пострашно од економската криза и рецесијата

Единствено што може да се очекува е нарушување на телекомуникацискиот систем и тоа многу на кратко, како и појавата на метеорски дождови во периодот од 12 до 21, но тие се вообичаени и не се ништо ново.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1