Се милитаризира вслелената – во иднина војните ќе се водат од горе


САД се движи кон милитаризација на вселената, а тоа е нешто што целосно ќе го измени лицето на војната, онаква каква што ни е позната и тоа во многу блиска иднина, предупреди академик од Руската академија на инженерски науки.
Според последните случувања не е тешко да се дојде до заклучок дека веќе просторот на производство на вселенско вооружување, не е повеќе ограничено. Она што до вчера ни се гледаше како научна фантастика, денеска всушност претставува застрашувачка реалност.
„САД објави тактички насоки на употреба на сила во вселената, во текот на изминатите три години, а системите кои можат да се користат како оружје, беа подложни на голем број на ригорозни тест летови“ изјавил Јуриј Заистев академскиот советник во Руската академија пренесува РТ.

Во безбедносен документ објавен во октомври, од страна на американското Министерство за одбрана на САД, пишувало за активностите за освојување на вселената дека всушност истите се дизајнирани со цел да се одржи и зајакне националната безбедност на земјата. Меѓу многубројните цели во извештајот е објаснета американската политика на проактивност во барањето на можности за соработка со сојузниците и избраните меѓународни партнери во развојот на вселенската архитектура и нејзината дизајнираност, освојување и оперативен воен просторен систем.

Ова може да има сериозен импакт во однос на начинот на користењето на нуклеарните конвенционални оружја, кои би можеле да имаат опасни и драматични импикации во идните војни, САД како и неколку други светски сили се обидуваат да добијат превласт во просторот. Ова им овозможува предност во однос на воздушните операции при самите почетоци на војата, да иницираат напади врз стратешки објекти насочени кон земјата, вели инжинерот.

Во текот на оваа година, во Генералното собрание на ОН, САД јасно одби да ја поддржи резолуцијата за спречување на милитаризацијата на вселената. Во гласањето за резолуција со наслов „Превенција во трката во вооружување во вселената“, гласаа 169 земји членки, вклучувајќи ја и Руската федерација, во полза на предлог резолуцијата во која се наведува: Истражувањето и користењето на просторот ќе биде исклучиво за мирновременски цели, извршени во корист и во интерес на сите земји, без оглед на нивниот степен на економски и научен развој.

Само САД и Израел се воздржаа од гласањето на документот.

САД и нејзините сојузници имаат намера да ја регулираат активноста во просторот во нивна корист. Во моментов САД и Европската унија работат на нацрт кодекс за однесувањето во вселената. Со овој документ ќе се регулираат активностите на САД и нејзините сојузници, но веќе некои го окарактеризираат како дискриминаторски против други држави, особено вклучувајќи ја тука и Русија. Многу е веројатно Русија и Кина да не го потпишат овој документ, што би значело воена конфронтација во вселената која со тек на време би се интезивирала, пренесува РТ.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1