Американското месо е отровно – вели Русија и забрани увоз


Повеќе американско месо нема да се увезува во Русија, поради проценката дека истото е отровно. Русија тврди дека причината за забраната е адитивот „Рактопамин“, додека САД ја обвинува Русија за прекршување на правилата на WTO и дека всушност Русија ова го прави како реакција на донесувањето на „magnitsky“ актот од страна на Сенатот.

Како што јавува Правда.ру, Сенатот речиси едногласно го одобри нацрт законот кои што вклучува финансиски санкции против руските официјални лица, кои се вклученов во смртта на Сергеј Магнитски, адвокат од инвестицискиот фонд „Ермитаж“.
Адитивот „рактопамин“ кој се наоѓа во американското месо е забранет во 160 земји вклучувајќи ја и Кина, а сепак од „FDA“ велат дека е безбеден за луѓето. Дозволен е во 24 земји вклучувајќи ги Канада и САД.

Кодексот на Светската здрасвтена организација, донесен во јули 2012 година, ја дозволува содржината на адитивот во месото.
На 7 декември федералната агенција на Русија за земјоделска контрола, го забрани увозот на месо од ваков вид. Адитивот му овозможува на месото да ја намали содржината на мастите во говедското и свинското месо. Според истражувачите овој адитив влијае на човековиот кардиоваскуларен систем, а во некои случаи може да предизвика и труење со храна.

Формално Русија не забранува испорака на свинското и говедското месо од САД. Тоа е само известување за одреден број на земји кои што мораат да обезбедеат документи дека животните не биле хранети со „ractopamine“, дрога која е забранета во Русија.

Предупредените земји на листата предводени од САД, Канада, Бразил, Мексико и уште 20 земји ќе им биде дозволено до крајот на јануари да обезбедат соодветна експертиза за да го отстранат ваквиот адитив доколку сакаат да испорачуваат месо во Русија.

Најмногу од целата оваа работа ќе биде погодена Америка, поради тоа што Русија е четврта по големина земја увозник на месо од САД. Околу 500,000 долари годишно се потрошени на месната индустрија. 0,6 % од говедското месо од Америка се троши во Русија, додека 0,4% од свинското.

Повеќе од 200 контејнери на месни производи во моментов се на пат кон Русија. Сепак и недостатокот на американско месо на рускиот пазар ќе влијае и на руската економија. Од американсата страна пак се надеваат дека Русија во блиска иднина ќе ја смени ваквата одлука.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1