АЦВ: Откажувањето на моторот на авионот на „Визер“ оценето како „сериозен инцидент“


Откажувањето на еден од моторите на авионот на Унгарската компанија „Визер“, при слетување на „Меѓународниот аеродром Скопје“, на минатонеделниот лет од Базел, надлежните воздухопловни авторитети го класифицирале како „серизоен инцидент“, за МИА информираа од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Авионот „Ербас 320“ бил стар 13 години и последниот редовен сервис му бил извршен во април минатата година.

-Авионот се наоѓал во фаза на спуштање, на височина поголема од 1.200 метри, кога летачкиот екипаж на воздухопловот забележал појава на нестандардни параметри на моторот број еден, и со цел да не се предизвикаат посериозни проблеми по безбедноста, согласно утврдена процедура, моторот број еден веднаш бил деактивиран. Екипажот постапил согласно компаниските процедури, воочениот проблем го најавил во Контролата на летање и влегол во зона на чекање каде ги извршил подготовките за слетување и безбедно слетал на аеродромот во Скопје, 30 минути по воочување на проблемот, денеска за МИА информираат од АЦВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1