28/03/2020 15:04
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице. Според местото на живеење, досега […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2020 10:20
•
Posted by: MK News
„Секоја година заболувам од грип, така што помислив дека повторно е грип“, рече Веи за шангајскиот весник. Според пишувањето на Дејли мејл првото лице кај кое е утврдена зараза со ковид -19, врз основа на увидот во доверли документи до кои дошле медиумите, е 57-годишната Веи Гуишиан, продавачка на свежи шкампи на пазарот Хуанан во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2020 09:30
•
Posted by: MK News
Во САД до денеска се регистрирани 100.316 луѓе заразени со новиот коронавирус, според податоци објавени на страницата Ворлдметарс (worldometers). Денеска се регистрирани нови 14.881 заразени, и уште 247 смртни случаи. Вкупниот број на смртни случаи до денеска изнесува 1.542, а оздравеле 2.465 луѓе. Со ова САД се на прво место по број на заболени, по […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2020 09:16
•
Posted by: MK News
16-годишната Џули А. е најмладата жртва на коронавирус во Франција и се верува дека е најмладата жртва во Европа, пренесува АФП. Џули починала вчера во Париз и е една од 1696 жртви на коронавирус во Франција. Нејзината мајка изјави за АФП дека Џули имала блага кашлица пред една недела, а исто така имала потешкотии со […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 19:37
•
Posted by: MK News
Институтот за јавно здравје по претходната најава што ја даде министерот за здравство Венко Филипче, изработи детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран коронавирусот. Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од друг […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 19:01
•
Posted by: MK News
Во последните 24 часа во Италија починаа 969 лица од новиот коронавирус, а регистрирани се 5.909 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 9.134, а потврдени се 86.498 заболени. – Тоа е најголем број на починати луѓе во еден ден, соопшти Службата за цивилна заштита во Рим. Вкупно 10.950 лица се хоспитализирани во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 18:59
•
Posted by: MK News
Четворицата новозаболени од корона вирусот во Прилеп се во добра состојба и се во самоизолација. Од нив едно е дете на деветгодишна возраст, две жени и еден маж, информираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорката на Центарот Драгица Николоска, двајца од четворицата новозаболени лица се во сродство со првозаболените двајца сопружници на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 17:28
•
Posted by: MK News
Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка на сите свои клиенти, физички и правни лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености, соопштуваат од банката. Новата понуда е согласно донесената одлука од НБРСМ […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 17:00
•
Posted by: MK News
Мобилна болница на почетокот на идната недела ќе биде поставена до Универзитетската клиника за инфективни болести, во која ќе се сместат 130 кревети, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:56
•
Posted by: MK News
Екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема вчера достави околу 500 маски на голем дел од клиниките. Планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок – Во текот на вчерашниот ден беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Урологија, ЈЗУ УГАК, Институт за трансфузиона медицина, ЈЗУ […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:53
•
Posted by: MK News
По британскиот премиер Борис Џонсон, денеска и министерот за здравство на велика Британија, Мет Хенкок објави дека е позитивен на новиот коронавирус, пишува весникот „Мирор“. Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома. Џонсон, исто така, се наоѓа во самоизолација во Даунинг Стрит. Тој […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:51
•
Posted by: MK News
Бројот на заразени со новиот коронавирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од Вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Горниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди евра. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:45
•
Posted by: MK News
Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот, јави Би-Би-Си, а тој го потврди истото и на својот профил на Твитер. Џонсон засега има благи симптоми. – Имам треска и кашлица. По совет на лекар, се тестирав и сум позитивен. Јас сум во самоизолација, работам од дома и сум во постојана комуникација со моите колеги […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:40
•
Posted by: MK News
Пејачот на германската рок група Рамштајн, Тил Линдеман е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега. Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена. По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура. Со Брза помош е префрлен […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:38
•
Posted by: MK News
Бројката на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 219. Во изминатото деноноќие, од вкупно 18 новорегистрирани случаи, 11 се од Скопје, четири од Прилеп, во Куманово се потврдени два нови случаја и уште еден во Тетово. Бројката на починати и излекувани останува непроменета информира министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека простор за […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 11:13
•
Posted by: MK News
Стапките на криминал се зголемени за време на пандемијата на новиот коронавирус, а криминалците и банди брзо се организираат, предупреди денеска Европол. Инспекторите откриле зголемување на компјутерскиот криминал, измами, кражби и фалсификување, соопшти европската полициска организација. Во извештајот се вели дека од избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, значително се зголемила продажбата на фалсификувана заштитна опрема […]
______________________________________________________________________________________________________
26/03/2020 21:41
•
Posted by: MK News
Речиси 5.000 денари за еден тест за коронавирус се наплатува од страна на државата, односно од Буџетот на РСМ за тестирање на граѓаните од Ковид – 19, реагираат граѓани кои ги добиле тестовите за коронавирус. На ова непријатно новинарско прашање министерот Венко Филипче не даде конкретен одговор. Само кажа дека при набавката на реагенси државата […]
______________________________________________________________________________________________________
26/03/2020 17:18
•
Posted by: MK News
Академик доктор Жан Митрев преку видео обраќање дава неколку препораки за тоа како луѓето да се заштитат од опасниот коронавирус. Според него, многу подобро е ако луѓето замотаат топол шал околу лицето, отколку да носат хируршки маски врз устата и врз носот. Тој исто така додава дека редовната инхалација може значително да помогне во спречувањето […]
______________________________________________________________________________________________________