14/11/2019 19:57
•
Posted by: MK News
Фотографијата е направена од сведок на настанатот кога дедо кој врвел улица на прешаки премин бил запрен од полиција и казнет, објавува Досие.мк. Според полициајците тој поминал на црвено иако дедото тврдел дека било зелено. Но најверојатно бидејќи споро се движел се вклуќило црвеното светло н асемафорот. Дедото молел да не го казнат. Обновено : […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:37
•
Posted by: MK News
Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи. Oзнаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат пропратени на меѓународно ниво, беа презентирани денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:22
•
Posted by: MK News
Независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ вчера и официјално беше избран за нов потпретседател на Собранието. Рамчиловиќ на свое име во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:19
•
Posted by: MK News
Европратениците не се задоволни од настапот на кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, пренесуваат од комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, каде кандидатот беше сослушан утрово. 30 европратениците гласале за него, 36 против, со што неговата кандидатура не е одобрена. Сега следуваат дополнителни прашања во писмена форма до кандидатот, со што му се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:15
•
Posted by: MK News
Во темпираната хемиска бомба „ОХИС“ има околу осум тони жива, кои десет години се оставени да течат насекаде по погонот за електролиза, да испаруваат во воздухот и да понираат во почвата и во подземните води. Овој метал во течна состојба предизвикува несогледиви последици врз здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина, пишува „Слободен печат“. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:12
•
Posted by: MK News
Скопјанец вчера пред полноќ бил нападнат во спортска обложувалница. Во 23.05 часот во СВР Скопје, 21-годишниот С.А. од Скопје пријавил дека околу 23 часот во спортска обложувалница на булевар „12-та Македонска бригада“, по претходна расправија, бил физички нападнат од 53-годишниот Б.Ј. од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:10
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во Кичево очув се обидел да силува малолетничка, додека живеел во вонбрачна заедница со нејзината мајка. МВР информира дека во Полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека 46-годишниот А.А. од село Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 18:08
•
Posted by: MK News
Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, попладнево го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ информира дека предлагаат ново зголемување на минималната плата од 14.500 денари кое ќе важи од декември 2019 година заклучно со март 2020 […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 15:37
•
Posted by: MK News
Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради природната непогода во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне исчезнување на еден од најубавите градови на светот. Непосредно пред полноќ, нивото на морето запре на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метри, што не беше видено во последните 53 години. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 13:41
•
Posted by: MK News
По четиригодишна пауза, денеска во Загреб се одржа петтиот состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, на која високи претставници од државите сукцесори ја анализираа примената на сите анекси што се составен дел на Спогодбата и ги разгледаа другите релевантни прашања во врска со овој процес, особено прашањата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 13:37
•
Posted by: MK News
Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме… Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 13:16
•
Posted by: MK News
Да се засрамите сите македонисти и универзитетски професори кои што денеска го пречекавте, му апалаудиравте, се смеевте на недоветните шеги и се сликавте со човекот кој го урниса статусот на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската држава! Ваква порака преку Твитер денеска упати поранешната министерка Ганка Цветанова во врска со денешната конференција што ја организираше […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 13:01
•
Posted by: MK News
Цистернава со винил хлорид е вагонска цистерна, донесена со пруга која постоела во кругот на фабриката. Каде е сега пругата? Нели има пријава од ДИЖС за крадење на прагови од пруги, дали овде некој пријавил каде се однесени праговите? Дали можеби се горат заради висококалоричноста, но сега збогатени дополнително со сите испарливи убер токсични хемикалии […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 12:43
•
Posted by: MK News
Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“, пишува ИРЛ. Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 12:27
•
Posted by: MK News
Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, обелодени дека здравствената состојба на неговиот клиент се влошува и дека му откажал левиот бубрег. Тој вели дека Јовановски практично функционира без еден бубрег. – Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 12:13
•
Posted by: MK News
Автомобилската и електроенергетската компанија „Тесла“ соопшти дека во Берлин ќе биде отворена нивната прва фабрика во Европа. Извршниот директор на оваа компанија Илон Маск изјави дека четвртата Гигафактори ќе биде во главниот рад на Германија, каде ќе изгради инженерски и дизајнерски центар. – Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 12:00
•
Posted by: MK News
Србија во областа на информатичката технологија во 2018 година извезла производи и услуги во вредност од една милијарда евра, што е далеку пред секоја друга индустрија во земјата, изјави Владан Атанасијевиќ, претседател на Управниот одбор на српското информатичко општество (ДИС). – Нето-билансот е доста поволен во оваа област, затоа што не треба да увезувате 800 […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2019 11:44
•
Posted by: MK News
За 11 дена се жени Вељко Ражнатовиќ, син на турбо фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Откако со недели го чекаа полнолетството на Анастасија, Србите сега внимателно ги следат сите вести за свадбата на Ражнатовиќ со неговата бремена девојка, Богдана Родиќ. Вечерва е моминската ноќ на Богдана, а социјалните мрежи се […]
______________________________________________________________________________________________________