Archive by Author

Силувана мигрантка од жител на Лојане

Во Транзитниот центар – Табановце, Н.А. (35) и Х.М. (38), мигранти од Иран, пријавиле дека од неколку лица од село Лојане, општина Липково, биле ограбени, а едно од лицата извршило обљуба над жена, мигрантка од Авганистан. Жената била пренесена во Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Патот кој води кон Теферич 30 дена ќе биде затворен за сообраќај

Општина Кисела Вода информира дека во следните 30 дена заради санација, патот кој води кон населеното место Теферич ќе биде затворен за сообраќај. Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните зафати на патот.

______________________________________________________________________________________________________

Време: Променливо до 20 степени

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната 10 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска магла. Утринската […]

______________________________________________________________________________________________________

Моминската вечер на снаата на Цеца – која е позгодна Богдана или Анастасија (ФОТО)

Богдана Родиќ, како идна невеста посебно се издвојуваше меѓу девојките што се собраа да ја прослават нејзината моминска вечер. Во розев мантил, блескаше и уживаше, а на социјалните мрежи се покрена полемика која е позгодна, таа или нејзината золва. Анастасија Ражнатовиќ, како и другите, беше облечена во мантил крем боја, но и таа се истакнуваше […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка меѓу малолетници во автобус на ЈСП

Во автобус на ЈСП, број 74 на булеварот Кочо Рацин, вчера се случила тепачка меѓу малолетници. Според пријавеното, се работи за физичка пресметка помеѓу А.Е.(18) и малолетник од с. Горно Количани, од една страна, и двајца малолетници од с. Долно Количани, од другата страна. Според МВР, причина за пресметката било претходно меѓусебно нетрпение. Сочинети се […]

______________________________________________________________________________________________________

Мурињо се разведува по 30 години брак?

Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката. Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но, неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е сè […]

______________________________________________________________________________________________________

„Македонија е се што имаме” – Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров

Шефот на државата Стево Пендаровски во библиотеката на Парискиот мировен форум даде копија од книгата „Македонија е се што имаме” од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Пендаровски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук порача дека наследството од Глигоров треба да биде водилка за одговорност пред граѓаните да се развива општество на […]

______________________________________________________________________________________________________

На почеток на 2020 година просечната пензија ќе изнесува 15 500 денари

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, информираше за одлуката за зголемуваше на пензиите. Според неа покачувањето на просечната пензија изнесува 1746 денари. Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се спасуваат весниците: Владата со 50.000.000 денари ќе ги поддржи печатените медиуми

Владата на последната седница на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година. Како што информира владината прес-служба, средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од […]

______________________________________________________________________________________________________

Вујче од Америка сеуште актуелен: Лани во земјава испратени 200 милиони евра лични трансфери од земјите во ЕУ

Двесте милиони евра се трансферирани во текот на минатата година како лични трансфери од земјите во ЕУ кон граѓани во Република Македонија, покажуваат податоците на Евростат. Во регионот најмногу пари како лични трансфери се регистрирани во Србија 2,96 милијарди евра, следат БиХ со 1,38 милијарди евра, Албанија 926 милиони евра, Косово 800 милиони евра, Турција […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев на ФБ: Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека ќе се воведе додаток од 3.000 денари месечно за сите млади во производната дејност. „Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Зголемувањето на платите на наставниците и професорите е лага

Владата на Заев, според Мицкоски, е досега најнеспособната влада, и оти по изборите доаѓа Влада која ќе направи вистинско зголемување на платите во образованието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека зголемувањето на платите во основното и средното образование е лага бидејќи согласно новиот закон за минимална плата, кој е во собраниска […]

______________________________________________________________________________________________________

Се бара ИТНО укинување на приватните извршители и нивно враќање во судовите

Бараме итно укинување на приватните извршители и нивно враќање во судовите, ревизија на нивното работење и обесштетување на сите оштетени граѓани, соопшти ГДУ. -Дали моралот и совеста на министерката за правда се исти со моралот и совеста на криминогените извршители? Министерката веднаш да ги санкционира сите извршители кои го прекршиле законот – велат од ГДУ.

______________________________________________________________________________________________________

„Откажа левиот бубрег на Боки 13, секој момент може да умре“

Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 може да умре за 15 минути. Му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски. Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Блокирале тркалата на владиниот авион, се запалил црвениот аларм, детали за принудното слетување

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром. Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ. Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, […]

______________________________________________________________________________________________________

Анѓушев дефинитивно ја напушта политиката: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Она што медиумите го објавија како добивка по најавата дека ќе се повлечам од функцијата за да се посветам на моите компании на кои им опаѓа капиталот се однесува за 2018 година која е книговодствено прикажана во февруари годинава. Јас зборувам за 2019 година што е нешто кое ќе го видите во завршните сметки во […]

______________________________________________________________________________________________________

Потврдено: Владиниот авион во кој бил Заев принудно слетал – имал дефект

Информацијата дека владниот авион принудно слетал ја потврдија и од Владата. Еве што велат Денес околу 12:35 часот при слетување на Скопскиот аеродром, владиниот авион имаше индикација која укажуваше дека не постои потврда дека предното тркало е спуштено. По направените процедури во воздух од страна на пилотите, при што направен е и низок прелет над […]

______________________________________________________________________________________________________

Владиниот лирџет принудно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ. Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1