18/07/2014 20:04
•
Posted by: MK News
На местото на падот на хеликоптерот нема жртви, а едно дете е повредено од удар на дел од хеликоптерот, пренесе АФП. Хеликоптерот се урнал околу 11 часот по локално време по враќањето од мисијата за барање на исчезнати лица од несреќата на ферибот. Полицијата не ги соопштила причините за падот на хеликоптерот.
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 17:17
•
Posted by: MK News
Дури 100 водечки светски научници за ХИВ/СИДА биле на летот MH17, во авионот на “Malaysian Airlines”, кој вчера бил соборен во источна Украина. Доколку се воспостави дека овие наводи се точни, тоа би било “разочарувачки” удар за напорите кои се направени во борбата против вирусот. Организаторите на конференцијата “СИДА 2014”, изјавиле дека преку размена на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 17:06
•
Posted by: MK News
Сообраќаен метеж настанал попладнево околу 14 часот во скопската населба Автокоманда, откако полициски возила го блокирале патот. Се пуштаат само полициските и амбулантните возила, а останатите возила се пренасочени кон Аеродром, јавува Сител . Нема информација зошто бил блокиран патот и што се сличило. Фото – Сител
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 16:11
•
Posted by: MK News
Тетовскиот суд на десетината агресивни демонстранти за случајот „Монструм“ денеска им определи казни. Осумина „заработија“ по 2,5 години условно, додека на двајца, кои се ослободени по осумдневниот притвор, ќе им се суди во редовна судска постапка. Од утрово, околу зградата и по тетовските улици имаше зголемено присуство на полициски сили, а исходот пред зградата го […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 16:08
•
Posted by: MK News
Најновото британско истражување покажало дека 63% од примероците на овој основен животен продукт содржи барем еден пестицид, додека во 17% од лебовите има две или повеќе хемикалии. Во однос на 200-та година, вредноста на овие отрови двојно се зголемила. Што е најлошо, овие резултати важат и за производите кои се обележани со етикетата „оргнско“. Експертите […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 16:03
•
Posted by: MK News
Откако ги зедоа изјавите од организаторите на денешните протести, новинарите на заминување од среде толпата беа принудени да поминат под албанското знаме. Демонстрантите аплаудираа и им порачаа на новинарите дека тоа им е за среќа. Новинарите едноставно не можеа поинаку да излезат од толпата, опколени од демонстрантите. Извор: Мкд.мк
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 15:50
•
Posted by: MK News
Попладнево на автопатот Скопје-Велес, во близина на велешката патарина се случи тешка сообраќајна несреќа. Еден автомобил е превртен на средината на патот. Сообраќајот не е во прекин, но се одвива отежнато, заради што на автопатот се создава километарска колона од автомобили. Според информациите Фолксваген буба со битолски регистарски таблички излетала од патот. Нема жртви ниту тешкоповредени […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 14:49
•
Posted by: MK News
Протестите беа мирни и траеа околу половина час По петочната молитва, околу 300 демонстранти тргнаа од Јаја Паша по булеварот Крсте Петков Мисирков на протестот против доживотните казни изречени за обвинетите во случајот „Монструм“. Протестантите извикуваа „УЧК“ и носат транспаренти на кои пишува „Владеење на правото е еднакво на нула“, „Пресуда по диктат“, „Изислени мотиви“, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 14:46
•
Posted by: MK News
Продолжуваат протестите против пресудите во случајот Монструм. Демонстрантите и денес тргнаа од Јаја Паша и се упатија кон Судот, но во моментов се запрени од полициси кордон на Битпазар. “. Засега протестот се одвива мирно и без инциденти, а демонстрантите носат транспаренти на албански, македонски и англиски јазик и извикуваат УЧК.
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 14:27
•
Posted by: MK News
Неколку стотици демонстранти и денеска протестираат во Скопје против пресудата за случајот Монструм. Поворката тргна од Јаја Паша и се движи кон Бит Пазар. Засега протестот се одвива мирно и без инциденти, а демонстрантите носат транспаренти на албански, македонски и англиски јазик. Протестите беа најавени од Координативниот организационен одбор со претседавачот Бедри Ајдари. Foto – […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 14:19
•
Posted by: MK News
Советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашенко, изјавил дека авионот бил соборен од ракета, а на интернет се појави и снимка која наводно го докажува тоа. Авионот на Malaysia Airlines на лет MH17 од Амстердам кон Куала Лумпур во четвртокот се урна во Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 14:10
•
Posted by: MK News
Припадници на македонската полиција се распоредени пред скопскиот Основен суд за каде е најавен протест поради пресудите во случајот Монструм. Протестите беа најавени од Координативниот организационен одбор со претседавачот Бедри Ајдари. ФОТО: КУРИР
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 13:57
•
Posted by: MK News
Скопско точено 4 х 0,4л + 2 гратис – 200 ден. Скопско точено 0,4л – 50 ден. Скопско лименка 0,5л – 60 ден. Скопско радлер лименка 0,5л – 50 ден. Heineken лименка 0,5л – 100 ден. Amstel лименка 0,5л – 70 ден. Скопско пластика 1,5л – 150 ден. Горско пластика 1,5л – 100 ден. Златен […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 13:08
•
Posted by: MK News
Малезискиот авион кој вчера беше соборен превезувал 295 патници. Нивните приказни и фотографии денеска се шират низ социјалните мрежи. Глен Томас, само што го прослави роденденот, а се нашол во трагичната несреќа. Бил координатор во односите за јавност во ООН и бивш новинар на ББС. Томас требало да стигне во Мелбурн, но никогаш не стигнал… Немал […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 12:28
•
Posted by: MK News
По падот на малезискиот патнички авион на украинска територија, турската национална воздухопловна компанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина сите летовите над Украина, изјави советникот за медиуми на компанијата Али Генч. – Бидејќи ситуацијата е многу тензична, додека се не се разјасни, донесена е одлука за прекин на летовите на нашите авиони над Украина, изјави тој. Кога почна […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 12:23
•
Posted by: MK News
На интернет се појави видео за кое се врди дека е снимено при полетувањето на соборениот малезиски авион и дека е објавен на социјалните мрежи пред падот. Видеото содржи и фотографии од настраданите како и пораки кои семејствата и пријателите ги оставале по падот на авионот.
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 12:06
•
Posted by: MK News
Израелската армија денеска изврши напад врз зграда во која се наоѓаат дописништва на неколку странски медиуми во Газа. Според палестински извори, во нападот бил ранет еден новинар. Повеќе детали за инциднетот не се соопштуваат. Израелската војска вчера започна копнена операција во Појасот Газа.
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Београѓаните Далибор и Миријана Стојадинов не можат со бебето да излезат од сплитското родилиште бидејќи српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗОМ) одбива да ги плати трошоците од 15.000 за итното породување и лекувањето потоа. Имено Маријана непланирано се породила во Сплит кон крајот на мај, и тоа во седмиот месец од бременоста. Бебeто е […]
______________________________________________________________________________________________________