Archive by Author

Османи: ДУИ е разочаран од вчерашниот настан и сме против селективна правда

Бујар Османи во името на ДУИ вели дека се разочарани од тоа што се случи вчера со притворите за рекет и вели дека како партија се против селективна правда што лидерот на ДУИ Али Ахмети постојано го повторувал. Прашан дали при она вчера може да се зборува за кредибилитет на СЈО, Османи вели дека институциите […]

______________________________________________________________________________________________________

Запленети брендирана облека, накит и уметнички дела кај првоосомничениот, и оружје кај второосомничениот

Полицијата кај првоосомничениот пронашла и одземала лап топ и персонални компјутери, брендирана облека, накит, часовници и уметнички дела. По вчерашниот претрес по наредба на обвинителството за организиран криминал, предметите се предадени на вештачење. Во домот на второобвинетиот пронајдени и одземено е поголемо количество оружје и муниција. Дали Кичеец имал дозвола за истото допрва ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Есад Рахиќ: Јовановски е во хашкото одделение поради безбедносни причини

Првоосомничениот, вчера беше приведен на граничниот премин Богородица, во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Првоосомничениот денеска ги поминал сите прегледи и процедури во затворот во Шуто Оризари каде беше спроведен доцна синоќа. Врз него биле спроведени сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Специјалното јавно обвинителство е завршена работа и првиот чекор што треба де направи треба да биде притвор за Катица Јанева, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ,,се покажало дека СЈО е корумпипрано и компромитирано, а барањето за притвор на Јанева го поткрепи со опасноста од бегство и влијание врз сведоци. Она што […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО Прес-конференција на СЈО

Прес конференција на СЈО

______________________________________________________________________________________________________

Русковска: Притвор за двајцата осомничени, обележани пари нема, има видео и аудио снимки

Кривичниот суд официјално соопшти дека го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да им се одреди притвор од 30 дена на двете лица осомничени за изнуда на пари, за кои Обвинителството денеска отвори истрага. Судот наведува дека постапувајќи по предлог на Обвинителството, пред судија на претходна постапка при Основниот […]

______________________________________________________________________________________________________

30 дена притвор и за првоосомничениот – одлучи судот

Триесетдневен притвор е одреден вечерва за првоосомничениот во случајот за изнудување пари што денеска го обелодени Јавното обвинителство, потврдија за МИА од Кривичниот суд. Скопје. се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“ и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО: Не се врши претрес во 1ТВ, се претресува само канцеларија

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпција, одземен и е мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдуваат од Обвинителството за радио Слободна Европа. Иако дел од медиумите објавија дека обвинителството врши претрес во нејзиниот дом, од ОЈО ја демантираат оваа вест, истакнувајќи дека одземен и е само мобилниот. Јанева денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицајците успеале да и го земат само едниот мобилен на Јанева – рекла дека другиот го изгубила

Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, потврдија од Обвинителството. Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обивинителството ја отвори денеска за изнудување пари потврдија за МИА од Обвинителството. од шефицата на СЈО било побарано да го даде нејзиниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Триесет дена притвор за еден од осомничените!

Заменик директорот на „Шутка“ Садуш Арифи потврдува дека одреден е притвор. Одреден е 30-дневен притвор за бизнисменот – второосомничен за изнуда на поари, во истрагата што денеска ја отвори Обвинителството. Информацијата за ТВ21 ја потврди Садуш Арифи, Како што информираат од истражниот затвор, веќе е донесен со полициска придружба. Второобвинетиот во случајот на ОЈО за […]

______________________________________________________________________________________________________

Претрес во домот на првоосомничениот и 1 ТВ – на Катица Јанева одземен мобилниот

Полицијата вечерва по наредба на Јавното обвинителство влезе во 1 телевизија и во домот на првоосомничениот, јави ТВ21. Од ОЈО издале наредба за претрес на канцеларијата и домот по денешното приведување. На обвинителот кој е инволвиран во истрагата вечерва му е одземен мобилниот телефон, дознава Плусинфо од извори во истрагата. Оваа информација ја потврдија за […]

______________________________________________________________________________________________________

Јовески: Оставката на Јанева е личен чин, не коментирам

Оставката на Катица Јанева е личен чин и не би коментирал. Ова го изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на новинарско прашање како ја коментира оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Јанева денеска си поднесе оставка која како што вели, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителство: ЗЕЛ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА ЗАПРЕ КРИВИЧНА ПОСТАПКА, ВМЕШАН И ОБВИНИТЕЛ

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на прес конференција ги објави деталите од обвинението.Осомничени се две лица Но од Обвинителството на прес конференцијата не соопштија ниту иницијали поради презумпција на невиност, и не кажаа дали овој случај кој го покренаа се поврзува со денешните апсења на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран […]

______________________________________________________________________________________________________

Температурите нагло ќе скокнат па силно невреме – УХМР со најава за цела недела

До крајот на неделава ќе преовладува променливо време со повремен дожд и постепен раст на температурите, покажува повеќедневната прогноза на УХМР. Утре ќе биде облачно, значително посвежо особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ако избрзаме со ветингот земјата ќе остане без судии

Премиерот Зоран Заев денеска на владина прес-конференција на која ги повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села, на Лидерска во петок, зборуваше и за ветингот. – Знам дека е потребен ветинг , но не смее да се избрзува. Тоа мора да се обмисли, […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Среде јули снег во Европа – Франција и Италија под снежна покривка

На подрачјето на Италија денеска, предвидени се обилни врнежи и силна бура. Временската прогноза која многумина ги изненади, беше само најава за уште постуденото време кое зафати поедини подрачја на големите надморски височини. Таа пшрогноза наговестила снег, кој е невообичаен за овој период од годината. Прогнозата била вистинита и наврнало 30 сантиметри снег на Алпите, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев закажа лидерска средба во петок во Клубот на пратеници

Јавна покана за лидерска средба в петок до Мицкоски, Ахмети и Села упати премиерот Заев . Тој очекува власта и опозицијата на оваа средба да постигнат консензус околу изборниот законик, законот за јавното обвинителство и за пописот, како приоритетни пред одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Премиерот изјави дека власта е подготвена за избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Верувам сто отсто дека во октомври ќе добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев е уверен дека земјата ќе добие датум во октомври за почеток на пристапните преговори со ЕУ како награда меѓу другото и за Преспанскиот договор. Доколку тоа не се случи, вели подготвен е да седне и да разговара со опозицијата за предвремени избори. -Јас верувам сто отсто дека во октомври ќе добиеме датум […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1