13/08/2013 11:57
•
Posted by: MK News
Еден орев внимателно се отвора на половина, со нож, се вади јатката од едната половина а лушпата се полни со масло. Внимателно се става на загреана рингла да врие околу 1-2 минути, притоа внимавајќи да не се истури маслото. Лушпата од оревот ќе испушти јод кој ќе се соедини со маслото а со тоа ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Во близина на малото село Оточек во поранешна Југославија, во 1956 година било забележано рушењето на НЛО од кое што било извлечено тело на непознато суштество. Со оглед на тогашните политички прилики, настанот набрзо ја добил ознаката “строго доверливо”, а на жителите и сведоците им било кажано дека станува збор за воена вежба која што […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 11:32
•
Posted by: MK News
Залутан куршум завршил во ветробранското стакло на минибус на патарината Гостивар – Тетово. Инцидентот кој преплашил петмина гостиварчани се случил вчера во 13:40 часот. Во минибусот биле возачот и четири патници. Куршумот долетал во ветробранското стакло на минибусот, додека чекале да платат патарина. За среќа куршумот не го пробил стаклото и никој не бил повреден. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 11:29
•
Posted by: MK News
Пропаѓа асфалтот на регионалниот пат кон ски-центарот во Маврово. Дупката од година в година станува сe поголема и подлабока, бидејќи водата од Мавровското Езеро над кое се наоѓа патот го поткопува потпорниот ѕид. Сопствениците на викендички и на хотели велат дека го чекаат денот кога некој автомобил или автобус полн со туристи ќе се струполи сосе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Десет годишно девојче било уапсено и обвинето за наводно силување на четири годишно момче минатата недела во Хјустон. Нејзината мајка вели дека станува збор за неприкладна игра Наводното злосторство се случило во април во дворот на станбениот комплекс во кој живее девојчето. -Таа е само дете кое се забавувало и играло. Не знаела дека се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Дури 50 проценти од болестите во затворени простории настануваат поради загадениот воздух, а во климите се насобираат бактерии, мувлата и габи кои предизвикуваат тешки инфекции. Доколку клима уредот редовно се одржува, таа не само што го прочистува воздухот, туку и ја намалува неговата влажност и ги отстранува непријатните мириси. Но, постојат и опасности кои често […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 10:41
•
Posted by: MK News
48 годишен скопјанец со куршум во главата си го одзел животот на езерото Треска во близина на Скопје. Безживотното тело на Зоран Василевски е пронајдено вчера околу 18 и 30 часот. Мотивот за убиството се уште е непознат, јавува Канал5. Неговите роднини во полиција изјавиле дека Василевски од дома заминал претходниот ден и не се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 10:29
•
Posted by: MK News
Состојки 1 китка кантарион-посекна трева 5 гранчиња ајдучка трева 600-700мл маслинов зејтин Подготовка Овој мелем се надевам на сите ни е познат затоа што има голема примена. Се користи за обложување на рани, исекотини. Исто така доста е корисен за масирање на стомачето кај бебиња постари од 3 месеци затоа што ги ублажува стомачните грчеви. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 10:20
•
Posted by: MK News
На местото на McDonald’s во Скопје, Охрид и Тетово наскоро ќе бидат отворени ресторани за брза храна на познатио грчки бренд Goody’s, објави порталот zase.mk повикувајќи се на извори во фирмата која ја поседуваше франшизата за McDonald’s. Порталот не објавува повеќе информации освен дека се очекува ребрендирањето да започне во скоро време. Goody’s е најголемата […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 10:13
•
Posted by: MK News
Струјата и бензинот треба да се џабе – бесплатни за сите граѓани. Кој и зошто ова го сокрива од народот на земјината топка?????? Документарниот филм ,,Thrive,, одговара на сите овие прашања. Интересно е што авторот Foster Gamble е всушност богат наследник. неговиот татко James Gamble, познатиот произведувач на сапуни му го оставил целото богаство и […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2013 10:04
•
Posted by: MK News
Четири од шесте некогашни детски одморалишта на планините на крајниот македонски исток добија нови сопственици, две од нив веќе работат како реновирани туристички капацитети, а с` уште непродадени се двете одморалишта кај Берово. Пред еден месец во радовишкиот дел на Плачковица почна со работа хотелот „Бел камен“. Го отвори радовишката фирма „Алфа инженеринг“, која пред […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 22:33
•
Posted by: MK News
Суад Јусуф, еден од двајцата осудени за двократното убиство кај Злокуќани во 2006 година, го искористи викенд отсуството за да избега од казнено поправниот дом Идризово. Тој и уште двајца затвореници, по слободниот викенд, не се вратиле во затворот на доотслужување на казната, јавува Телма. Директорот на Идризово, Живко Пејковски во телефонски разговор ни го […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 20:51
•
Posted by: MK News
Благодарение на брзата интервенција на капачите и тимот спасувачи на градската плажа во Струга, спасена е од давење бремена жена. Случајот го потврдуваат и од Итната медицинска помош од Здравстениот дом од Струга, чија екипа веднаш стигнала на местото и жената ја транспортирала до Гинеколошкото одделение при Општата болница. Жената е вон животна опасност и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 18:19
•
Posted by: MK News
Екипа од научници од британскиот универзитет Ланкастер, предводени од македонката Анета Стефановска, создале уред кој може да прогнозира кога некој човек ќе умре. Преку ласерско зрачење научниците ја анализираат состојбата на најмалите крвни садови – клетките во капиларите – и определуваат колку брзо старее организмот. Со помош на уникатниот апарат лекарите може да предвидат колку години живот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 17:35
•
Posted by: MK News
Авганистанец ја убил сопругата бидејќи отишла на пазар без да побара дозвола од него. Убиството се случило во градот Чардара, западен Ваганистан. – Убиецот по инцидентот избега, а полицијата трага по него, изјави началникот на локалната полиција Мухајудин Хан. Авганистанската Независна комисија за човекови права минатиот месец изрази загриженост поради зачестеното насилство врз жените. Повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 16:50
•
Posted by: MK News
Перо Антиќ на својот „Инстаграм“-профил објави дека искусниот центар се враќа во репрезентаицијата, објави Македонски спорт Тодор Гечевски ќе игра за македонската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство во Словенија. Капитенот Перо Антиќ вчера започна кампања на социјалните медиуми за да го убеди искусниот центар да направи кам-бек во репрезентацијата. Очигледно обидот на Антиќ успеа […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 15:58
•
Posted by: MK News
Владата направи нова измена во станбени субвенциите со која парите во моделот за половина учество станаа неповратни, открива заЕкономски.мк вицепремиерот Зоран Ставрески. Измената ќе важи и за новите и за веќе земените кредити. Со тоа граѓаните сега можат на самиот старт од проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2013 15:25
•
Posted by: MK News
Рано утрово земјата се отвори под една вила во централна Флорида и проголта дел од објектот. Според спасувачките служби 30 проценти од трикатниот објект пропаднал во земја, но нема жртви бидејќи претходно, поради опасност од потонување на зградата, станарите биле евакуирани. Дупката се отворила на средината под вилата и се уште прецизно не може да […]
______________________________________________________________________________________________________