12/03/2013 12:45
•
Posted by: MK News
“Под контрола” е насловот на најновата песна воедно и видео спот кој претставува прв дел од трилогијата на Тони зен кој ќе биде ексклузивно промовиран во киното “Cineplexx“ во Сити Мол. “БМА БРОТХЕРС” е продукцијата која го реализира ова видео, визуализирано од Тони зен со режија на Мерт Арслан и Антонио Павловски,музиката е на Нино […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Русин кој во рачен багаж носел 26.000 дијаманти со вредност од најмалку 162.000 долари, на московскиот аеродром изјавил дека „нема што да пријави“. – Невработениот 37-годишен руски државјанин, кој ги носел дијамантите во пластична проѕирна кеса, ги пренесувал од Дубаи, приведен е вчера на аеродромот Шереметјево, соопшти руската царинска служба. Портпаролката на аеродромот Наталија Карасева […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 12:00
•
Posted by: MK News
Ова видео кое доаѓа од Нов Зеланд стана интернет хит поради пожртвуваноста на случајни минувачи за да спасат едно детенце. Џошуа Мекојд и неговите две пријателчиња си играле на плажата Нејпир кога бран го повлекол Џошуа во морето. Еден германски турист се обидел да го спаси момчето, но не успевал сам.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Детето кое на интернет објавило дека ќе се самоубие, било контактирано од преку 2.000 странци кои го одвратиле од таа намера.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Најмалку 51 лице починаа, а речиси 400 се хоспитализирани во Либија поради труење со фалсификуван алкохолен пијалак направен на база на метанол, соопшти денеска либиското Министерство за здравство.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Мехрибан Ариф Алијева е веројатно 48-годишна жена за која никогаш не сте слушнале, но таа е сопруга на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и важи за многу популарна во својата земја и регионот. Таа важи за модна икона во својата земја за која пишуваат сите модни списанија и блогови, а нејзиниот стил на облекување вклучува […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:54
•
Posted by: MK News
Полицијата во Полска уапси осуммина македонски и тројца полски државјани, како и сопственикот на фабрика за цигари во која нелегално работеле, пренесува Нетпрес.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:50
•
Posted by: MK News
Песната, музиката е таа што не сплотува сите – е пораката на новата евровизиска песна, која Македонија ќе ја испрати на 58. издание на изборот за песна на „Евровизија“ во мај во Малме, Шведска.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Прославениот концерт на Виенскиот филхармониски оркестар, што традиципнално се одржува на првиот ден од Нова година, носи корени од нацистичката пропаганда, како еден од неговите пропагандни инструменти, покажува најновите истражувања на архивите на овој прославен ансамбл. Истражувањето што го извршија група угледни австриски историчари открива дека пред и во текот на Втората светска војна безмалку […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:35
•
Posted by: MK News
Вацлав Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република, на шега и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името. Клаус зборуваше за економската криза во Грција и во Европа во целина во либертаријанскиот институт Кејто во Вашингтон, каде препорача Грција да ја напушти Европската […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Македонскиот државјанин, Исак Ајдин, 33 години, кој бил застрелан додека седел во кафе-бар во местото Маргера, во близина на италијанскиот град Венеција, како и неговиот тешко ранет пријател Ѓунер Елмаз, 32 години потекнуваат од дебарскиот крај, од областа Горна Жупа, општина Центар Жупа.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Еден млад магионичар, со помош на магионичарски трик, чашата со обично кафе ја претвори во чаша полна со пари. Бездомниикот, кому младиот магионичар му го презентираше трикот, беше пресреќен и не му беше јасно како тоа му успеало. Веројатно тајната на трикот ја знае само младиот магионичар, но во секој случај тој направи добро дело […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави доцна ноќта во понеделникот по разговорите со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, дека очекува договорот со Косово да биде потпишан до крајот на март, истакнувајќи дека Приштина попуштила во своите барања во врска со надлежностите на заедницата српски општини на северот во Косово. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на кичево Фатмир Дехари говорејќи пред албанци од дијаспората го раскажа својот сон – од Струга до Куманово да е Албанија. Видео – ПРЕС24
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама протера двајца венецуелски дипломати, што уште повеќе ги уназадува американските напори за подобрување на односите со таа јужноамериканска држава по смртта на нејзиниот претседател Уго Чавес.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 09:00
•
Posted by: MK News
На фотографијата што предизвика контроверзи и во меѓународната јавност, се гледа како Елена Фријаз-де Чавез (78) и Ахмединеџад, со тажен израз на лицето се во прегратка додека иранскиот претседател изразува сочувство за смртта на нејзиниот син.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Сперматозоидите кај мажите имаат своја сезона – најздрави се во текот на зимата и во раната пролет, па поради тоа најмногу деца се раѓаат во текот на есента, утврдија израелски експерти од Универзитетот Бен-Гурион.
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2013 08:15
•
Posted by: MK News
Шведската принцеза Лилијан, која по потекло е од Велика Британија почина денес на возраст од 97 години.
______________________________________________________________________________________________________