13/02/2019 19:41
•
Posted by: MK News
страотна сообраќајна несреќа попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци. Повредените патници на автобусот се згрижени во Градската болница во Скопје и на други клиники, а околу 19.30 часот за состојбата на повредените патници изјава ќе даде министерот за здравство […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:55
•
Posted by: MK News
Замената на патните документи и регистарските таблички со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните. Новите регистарски таблички се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека до издавањето на новите регистарски таблички ќе се користат налепници со ознаката […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:53
•
Posted by: MK News
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека откако ќе биде направена анализата околу актуелните вработувања на лица блиски на функционери и пратеници, доколку се покаже дека има форми на протекционизам, тогаш ќе се реагира. – Процесот е почнат и ние сакаме да заврши што побрзо, за да ја информираме јавноста. Премиерот беше прилично јасен – […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:51
•
Posted by: MK News
Ило Стојчевски е вработен во Шумската полициска станица (ШПС) Делчево од 1998 година на работно место заменик- командир, на која што работна позиција е се уште. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира информациите изнесени во јавноста дека Стојчевски е унапреден и назначен за командир. Во случајот не станува збор за унапредување и назначување, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:47
•
Posted by: MK News
Непотизам и роднински врски и при вработувањата во здравствениот сектор. На Онкологија наместо прворангираниот кој имал специјализација и волонтирал на клиниката, ја вработиле треторангираната која била општ доктор и не знаела македонски, па на комисија се појавила со преведувач. Според реакциите на лекарските здруженија, покрај учење на јазикот треба и да го доусовршува знаењето, објавува […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:46
•
Posted by: MK News
Заменик – претседателот на ДКСК за прв пат се бираше преку случаен избор. Ждрепката сакаше на оваа функција да биде поставен Нури Бајрами, кој во своето прво обраќање побара да запре шоуто што се правело против него, бидејќи бил баџанак со претседателот на Собранието Талат Џафери. Најави дека никогаш нема да им служи на политичките […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:42
•
Posted by: MK News
Најпознатиот наркобос на светот, Ел Чапо е прогласен виновен по сите десет точки од обвинението , а судот на Менхетн ќе ја соопшти пресудата на 25 јуни. На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор. Минатата недела поротата се повлече за да донесе одлука за вината на Ел Чапо и денеска едногласно ја изнесе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:39
•
Posted by: MK News
Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните претседателски избори, како што бараше опозицијата. Одлуката како што велат од партијата е донесена во интерес на граѓаните и државата. -Граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:37
•
Posted by: MK News
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска и утре ќе ја застапува Македонија на министерскиот состанок на Алијансата, за прв пат како извесна идна членка на НАТО. Ова е првиот состанок на членките на НАТО во 2019 година и прв состанок на кој Македонија ќе седне рамо до рамо со своите сојузнички од Алијансата откако беше […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:34
•
Posted by: MK News
Владата и Собранието веќе почнаа да го користат новото име Република Севрена Македонија во комуникацијата со медиумите. По вчерашното стапување во сила на Договорот со Грција и на новото уставно име, се очекува тоа да го направат и останатите државни институции. Меѓуресорската работна група формирана од Владата за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:33
•
Posted by: MK News
„И официјално, Северна Македонија“„Заев: да живее Северна Македонија“; „Веќе и официјално се роди Северна Македонија“; „Со задоцнување од 24 часа испратена вербалната нота“; „Стапува на сила Договорот од Преспа“; „Официјална премиера за Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по испратената вербална нота од грчкото МНР и по соопштението од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:30
•
Posted by: MK News
Вчера, 12-годишно дете од едно село во јужна Србија извршило самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на својот татко. Покрај неговото безживотно тело е пронајдено и проштално писмо упатено до родителите, како и 15 евра. Низ што точно проаѓало детето веројатно никогаш нема да биде јасно, но во прошталното писмо тоа напишало многу потресни […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:28
•
Posted by: MK News
Пратеничката Мира Стојчевска е во центарот на вниманието овие денови, по објавените информации дека неколку члена од нејзината фамилија се вработени во државни институции. Како што пренесува „Плусинфо“, нејзиниот сопруг пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево. – Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:24
•
Posted by: MK News
Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”. Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:23
•
Posted by: MK News
Царинската управа вечерва доби задолжение во рок од три дена да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница, но и на двата аеродрома. Во рок од три дена сите институции мора да извршат промена на сите дигитални записи, логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми. Во рок од две недели МНР мора да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:18
•
Posted by: MK News
Борче Поповски таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ , Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ во Битола пишува Лидер. Минатиот месец Мери Поповска, мајка на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола.
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:16
•
Posted by: MK News
Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП. Статистиката покажала дека во 2018-та година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 16:13
•
Posted by: MK News
Бритиш Американ Тобако – БАТ (British American Tobacco – BAT) го најави новото, глобално партнерство со автомобилската групација МекЛарен (McLaren) во чии рамки ќе соработуваат за развој на напредна технологија и иновации насочени кон креирање портфолио составено од производи со потенцијал за намалување на ризикот (Potentially Reduced Risk Products – PRRPs), област во која БАТ […]
______________________________________________________________________________________________________