09/04/2022 18:10
•
Posted by: MK News
Тројца, меѓу кои и 19-годишна девојка се осомничени за убиство на хрватскиот ракометрар на Бутел, Денис Тот, кој вчера почина на КАРИЛ, соопшти Обвинителството. Двајца од осомничените се лишени од слобода и денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот се трага и е распишан централен […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 14:34
•
Posted by: MK News
Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството. -Очекувам целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 14:33
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. -Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 14:13
•
Posted by: MK News
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес преку видео врска се обрати на грчкиот Парламент. Видеообраќањето на украинскиот претседател се пренесуваше во живо, преку Собранискиот канал Претседателот на Украина, Володимир Зеленски покани Грк кој се бори во неонацистичката единица Азов да се обрати пред грчкиот Парламент. Зеленски сакаше да покаже дека грчката заедница во Украина, која е […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 14:08
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, при гостување во емисијата „Четврток во 9“ на РТС, им откри на граѓаните што се случило на небото недалеку од руската граница, кога авионот на „Ер Србија“ бил предупреден од руската конторла на летање да се обиде да идентификува помал авион што летал до него, а тоа бил воен […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 13:56
•
Posted by: MK News
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот за истрагата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 13:49
•
Posted by: MK News
Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина на КАРИЛ, дознава Курир од болнички извори. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27 годишниот ракометар од Хрватска. Во медиумите доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговиот брат, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2022 13:51
•
Posted by: MK News
Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2022 13:49
•
Posted by: MK News
Лидерот на Српската напредна партија (СНС) и претседателски кандидат Александар Вучиќ вечерва прогласи победа на претседателските и парламентарните избори и најави дека може самостојно да ја формира идната српска влада. Вучиќ на прес конференција кажа дека тој на претседателските избори, според избројаните 85 отсто гласови од цела Србија, гласовите од Косово и дијаспорта, има освоено […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2022 13:46
•
Posted by: MK News
Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори. Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро“. „Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел“, рече Орбан. Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2022 11:40
•
Posted by: MK News
Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќинствата спроведен во текот на минатата година во Северна Македонија. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2022 00:06
•
Posted by: MK News
Со свирежи, развеани македонски знамиња и пароли се слави победата на Македонија во дуелот против Италија. Низ улиците на Скопје речиси веднаш откако заврши натпреварот, скопјани излегоа со автомобилите за да го прослават пласманот на Македонија во финалето на Светското првенство.
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2022 23:58
•
Posted by: MK News
Македонската фудбалска репрезентација ја заврши успешно операцијата Италија и со голема победа од 1-0 обезбеди пласман во финалето од баражот за СП во Катар. Решавачкиот натпревар со Португалија која беше подобра од Турција ќе се одигра на 29-ти март во Порто.Инаку фудбалската репрезентација на Македонија од Палермо ќе се врати утре попладне и се очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2022 23:54
•
Posted by: MK News
Македонската фудбалска репрезентација направи сензација во Палермо совладувајќи ја домашната селекција на Италија со 1-0 во полуфиналето од баражот за СП во Катар и ќе игра финале со Португалија која беше подобра од Турција. Нашата репрезентација одигра одличен натпревар на тактички план и во финишот со голот на Александар Трајковски ги елиминира европските прваци.Средбата со […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2022 16:44
•
Posted by: MK News
На денешен ден пред точно 23 години, во 19.45 часот низ Сојузна Република Југославија се огласија сирените за воздушна опасност, кои го потврдија почетокот на НАТО бомбардирањето без одлука на Советот за безбедност на ОН: На почетокот цел на бомбардерите на Алијансата беа само воени објекти, а подоцна воздушните напади се проширија и на економските […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 14:01
•
Posted by: MK News
Хрватската Влада објави соопштение денеска откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство. „Според она што сега го имаме како информација, се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 13:57
•
Posted by: MK News
Основачот на групата каде се споделуваа порнографски материјали од жени од Македонија без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку, односно четири години, доби и администраторот Михаил Паневски му се досудени. Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 13:39
•
Posted by: MK News
„Мета“ платформите ќе им дозволат на корисниците на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници во контекст на инвазијата во Украина, според интерните мејлови до кои агенцијата „Ројтерс“ имала пристап во четвртокот, како привремена промена на нејзината политика за говор на омраза, јавува Ројтерс Компанијата, исто така […]
______________________________________________________________________________________________________