Во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови. Информацијата ја потврди и македонското Обвинителство.
Според неофцијалните информации, се работи на сузбивање на поголема меѓународна криминална мрежа која делува во повеќе држави.

Српските медиуми јавуваат дека постапувајќи во рамките на оперативната обработка „Вардар“, полициски службеници на СБПОК во соработка со полициски службеници на Република Македонија и Европол, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, лишени од слобода на 02.02.2025 година на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) се вкупно шест лица, членови на организирана криминална група, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела здружение за извршување на кривичното дело – прекршок од член 346 од КЗ и фалсификување пари од член 241 од КЗ.
Од македонското обвинителство потврдија дека во тек е координирана акција.
„ Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста.“, велат од Обвинителството.









