24/02/2022 10:21
•
Posted by: MK News
Експлозиите во Украина одекнаа низ повеќе градови. Се појавија снимки од тенкови како влегуваат во Украина. Дел од тенковите доаѓаат од Белорусија што значи дека Украина е нападната од две земји. Сирените се огласија во неколку градови меѓу кои и Киев.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2022 09:10
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека и наредил на руската војска да спроведе специјална операција во Донбас, откако лидерите на отцепените републики побарале од Москва воена помош против, како што тврдат, зголемување на „украинската агресија“. Воената операција доаѓа неколку дена откако Москва ја призна независноста на отцепените републики Доњецк и Луганск во Донбас, тврдејќи дека […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2022 09:01
•
Posted by: MK News
Воздушниот простор низ цела Украина е ограничен за цивилни летови, се вели во известувањето до авијатичарите (НОТАМ) дистрибуирано од владините агенции и аеродромските оператори. Де-факто затворањето на воздушниот простор стапи на сила во четвртокот во 01:56 часот по локално време и ќе трае до 23:59 истиот ден. Во известувањето се наведува „потенцијална опасност за цивилната […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:51
•
Posted by: MK News
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа политички договор за првиот пакет санкции против Русија, „што ќе биде многу болно за неа“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. „Овие санкции ќе бидат многу болни за Русија“, рече Борел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:41
•
Posted by: MK News
Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.„Членките на ЕУ треба да дозволат несуштинско патување на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:38
•
Posted by: MK News
Трудниците да одат на работа и која сака да прими вакцина против Ковид-19. Комисијата за заразни болести со предлог до министерот за здравство – да биде укината мерката за ослободување од работни обврски на бремените жени, согласно, како што велат препораките од релевантни институции. -Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:33
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе разговара со владите на сепаратистичките територии, додека односите ќе бидат воспоставени по преговорите. „Тоа ќе биде направено во иднина“, рече тој. Тој додаде дека е потпишана уредбата за делување на армијата надвор од границите на Русија, што значи дека ќе им помогне на тие републики и воено. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:29
•
Posted by: MK News
Русија ќе плати и поскапа цена доколку продолжи со агресијата вклучително и со дополнителни санкции, рече во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден. САД во меѓувреме ќе продолжат со обезбедување на одбранбена помош за Украина и ќе продолжиме со зајакнување и осигурување на нашите НАТО сојузници. Денеска во согласност со руското признание дека нема да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:27
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека очекува Русија да изврши голем напад врз Украина, повторно ја повика Москва да се откаже од плановите за нападот и рече дека стотина авиони на НАТО се во состојба на готовност. „Сите индикации покажуваат дека Русија продолжува да планира напад од големи размери врз Украина“, изјави генералниот секретар […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:26
•
Posted by: MK News
Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика останатите држави да го следат примерот на Русија и да ја признаат независноста на сепаратистичките региони во источна Украина. „Признавањето на народните републики Доњецк и Луганск е неопходна и единствена можна одлука“ во сегашните услови, се наведува во соопштението на руското министерство. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:24
•
Posted by: MK News
Aмериканскиот претседател Џо Бајден со декретот што го потпиша ги прекина сите деловни односи меѓу САД и двата региона признати од Русија и го забрани увозот од овие региони. Во текот на денот ќе бидат објавени и нови мерки Велика Британија, Франција и Германија исто така одлучија да одговорат со руски санкции. Англија и САД […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:17
•
Posted by: MK News
Русија засега нема да испрати војници во Источна Украина. Но одлука може да се смени порача шефот на руската дипломатија. Наредбата да се испратат војници во Доњецк и Луганск за да како што тврди Кремљ извршуваат мировни фунцкии претседателот Путин ја издал доцна синоќа отккао претходно ги призна двата отцепени региона на Украина како независни […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2022 21:13
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои. -Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми. Тој, исто така, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2022 19:10
•
Posted by: MK News
Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја. На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата. Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2022 19:07
•
Posted by: MK News
Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА. Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2022 18:08
•
Posted by: MK News
Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија. Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров. Во цело Скопје попладнево околу 17.20 часот снема струја. По 20 минути, струјата се вклучи пак, но снема по 5 минути. За исклучувањето на струја денеска немаше никакви најави. Од ЕВН засега нема […]
______________________________________________________________________________________________________
07/02/2022 22:31
•
Posted by: MK News
Три возила, меѓу кои едно владино учествуваа во сообраќајна несреќа на крстосницата пред Владата, јавува Сител.мк Во владиното возило се наоѓале министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Како што пишува министерот за финансии на Фејсбук, освен материјална штета на возилата нема потешко повредени лица, а учесниците се здобиле само со […]
______________________________________________________________________________________________________
07/02/2022 22:29
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми, како и основното училиште „Единство”, каде Ембла ја следи наставата. Со родителите на Ембла разговараа за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување. Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната […]
______________________________________________________________________________________________________