11/10/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Професорката и граѓанската активистка, Мирјана Најчевска, на нејзиниот блог ,,Квадратура на кругот” обвини за двојни аршини на актуелната власт, пренесува Лидер.мк Во писмено обраќање со наслов ,,Доле режим-да живее режимот“ Најчевска објави дека вчера, 10.10.2018, добила покана да се јави на суд за фрлање на боја врз полициска станица за време на Шарена револуција. Професорката […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 14:06
•
Posted by: MK News
Премиерот, Зоран Заев присуствуваше на заедничката прослава во организација на општините Прилеп и Куманово на големиот државен празник 11 Октомври, Денот на народното востание, којашто се одржа во централното градско подрачје во Прилеп. „Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 14:00
•
Posted by: MK News
Нема загинато ниту еден од патниците во тешката сообраќајна несреќа помеѓу македонскиот автобус и камион на автопатот Линц Австрија што утринава се случи околу 6 часот. Од македонското МНР потврдуваат дека во автобусот имало 18 македонски државјани од нив двајца биле со потешки телесни повреди, но надвор од животна опасност, а 6 патнци се полесно […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:55
•
Posted by: MK News
Ураганот Мајкл ги однесе првите жртви на Флорида, додека над 400 илјади приватни куќи и деловен простор во сојузните американски држави Флорида, Џорџија и Алабама останаа без струја откако бурата го погоди северозападното копно на Флорида. Првата жртва е маж врз кој паднало дрво кое пропаднало низ покривот од неговата куќа на Флорида, потврди портпаролката […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:52
•
Posted by: MK News
Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, идентитетот, историјата, традицијата и културата, ова денеска на прес конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:49
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорге Иванов по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. – Вооруженото востание против фашистичкиот окупатор, започнато на 11 октомври 1941 година ни ја донесе слободата и остварувањето на сонот за формирање на македонска држава. Патот до конечната победа преку долготрајната Народноослободителна борба исполнет со страдање […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:43
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во свое лично име и од име на пратениците упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на борбата за слобода. – Ова е значаен ден во историјата на Република Македонија, симбол на решителноста и свесноста на народот кој што храбро и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:39
•
Posted by: MK News
Новите шест истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум, напиша синоќа на Фејсбук поранешниот премиер, Никола Груевски. Во статусот тој поединечно образложува […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:36
•
Posted by: MK News
„Собравме многу докази кои упатуваат дека тој е виновен. Красимиров е обвинет во отсуство за две злосторства – силување и исклучително сурово убиство со предумисла“, рече државниот обвинител Сотир Цацаров. Телото на 30-годишната новинарка е пронајдено во саботата недалеку од Дунав во граскиот парк во нејзиниот роден град Русе каде редовно трчала. Таа е силувана, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:31
•
Posted by: MK News
Седумдесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна денеска во Република Македонија ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово. Премиерот Зоран Заев синоќа во рамки на заедничкото чествување на државниот празник на градовите Прилеп и Куманово се обрати на манифестацијата […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 22:01
•
Posted by: MK News
Таткото на 33-годишната Марија Чајетинац, која настрадала во својот автомобил во верижниот судир, ја барал својата ќерка на мобилниот телефон кој на патот го пронашол полицаец и му ја соопштил страшната вест. Слушнав на вести дека имало верижен судир кај Јагодина, па ја побарав ќерка ми Марија, бидејќи знаев дека тргнала по тој пат. Телефонот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 21:54
•
Posted by: MK News
Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот. Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 21:29
•
Posted by: MK News
Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 17:37
•
Posted by: MK News
Вчера во 12.10 часот во СВР-Скопје А.М.(21) од Скопје пријави дека на 06.10.2018 година околу 03.30 часот пред дискотека во Градски Парк, додека бил со негов пријател А.К.(21) од Скопје, физички бил нападнат од непознато лице, по што изгубил свест. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 17:34
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот Договор, брифираат членови на ЕПП. ЕПП, Европската Народна Партија, е најголемата и највлијателната политичка група во Европската Унија, во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати. Извори во оваа партија […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 15:17
•
Posted by: MK News
Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30 дневен притвор на активистката Моника Ристеска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 15:13
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави истрага за наводите дека пратеници кои сакале да гласаат за уставните измени, примале закани. Тој рече дека заканите најчесто им пристигнувале преку социјалните медиуми. Министерот ги повика пратениците да пријават можни закани.
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 15:10
•
Posted by: MK News
Во завчерашниот број на “Службен весник на РМ” бр.186 објавен е извештај за конечните резултати од гласањето на Референдумот на државно ниво одржан на 30 септември 2018 година. Во објавата во Службен весник стои дека согласно конечните резултати од гласањето на Референдумот 2018, одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот […]
______________________________________________________________________________________________________