24/08/2018 12:46
•
Posted by: MK News
Адвокатите на дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Дончо Наков кој е бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Регистриран нов напад од куче – скитник. Како што стои во билтенот на МВР. вчера во 12.30 часот во Полициската станица Центар, М.А.(27) од Скопје пријавила дека на 21.08.2018 година околу 22.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на десната натколеница.
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 14:28
•
Posted by: MK News
Од септември годинава платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет отсто, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што рече Филипче на прес-конференција во Владата, основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.654 на 13.286 денари. За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 14:25
•
Posted by: MK News
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во октомври ќе се ожени со 26 години помладата Јужнокорејка кој ќе му стане пета жена. Шредер кој има 73 години и кој поради четирите брака го доби прекарот „човек ауди“по четирите кругови на логото на тој германски произведувач на автомобили, одлучил на лудиот камен да застане со Ким Со-јеон. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Буџетот за кампањата за претстојниот референдум е веќе утврден и е проектиран на 80 милиони денари кои ќе му бидат ставени на располагање на Собранието на Република Македонија како предлагач на референдумот. Средствата ќе се обезбедат од тековната буџетска резерва, а доколку на крајот од кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:47
•
Posted by: MK News
Хрватскиот планинар П.П. (58) од Сплит вчера починал откако му се слошило додека бил на Кораб, на местото викано „Кобилино поле“. Како што соопшти МВР, со П.П. (58) на Кораб биле и други планинари, членови на планинарско друштво од Сплит. Во еден момент нему му се влошила здравствената состојба по што побарал помош. По дојавата […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:46
•
Posted by: MK News
Во вештачкото езеро во крушевското село Борино, вчера е пронајдена почината В.Ј. (35) од Прилеп. Телото на В.Ј. е пронајдено околу 13.30 часот. На местото е извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител нема да се врши обдукција врз телото на починатата.
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:44
•
Posted by: MK News
Кривична пријава за „бесправно градење“ против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски поднесе Управата за финансиска полиција. – Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција. Пријава за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:40
•
Posted by: MK News
Следните неколку години би можеле да бидат исклучително топли, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено врз основа на математички модел. Истражувачите развија математички модел кој предвидува колку просечната глобална температура на површинскиот воздух ќе варира во текот на следните неколку години, а резултатите покажуваат дека од 2018 до 2022 година може да доживееме пораст на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:38
•
Posted by: MK News
Tуристите кои ќе се одлучат од Лаларија, прекрасната плажа на грчкиот остров Скијатос, да понесат каменче како сувенир, ќе платат и до 1.000 евра казна. Властите на островот Скијатос сакале со високите казни да го сочуваат она што природата го чувала со векови. Туристите ги однесуваат каменчињата во џебовите и на тој начин сериозно го […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:57
•
Posted by: MK News
До крајот на неделава ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а од понеделник ќе има освежување за десетина степени, пороен дожд, грмежи и ветер. Според УХМР, дневните максимални температури до недела ќе се искачат до 36 степени. Позначителна промена се очекува од понеделник кога во поголем дел од земјава […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:55
•
Posted by: MK News
Турскиот туристички сектор планира да го напушти системот All inclusive, пишува весникот Хуријет. Ова прашање било покренато на Конфедерација на трговци и занаетчии во земјата. Главна причина е тоа што ефектите од ваквиот начин на работа на хотелите се пониски од очекуваното. И институциите се солгасни дека нешто треба да се менува во начинот на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:54
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво и за водење јавна кампања. Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата. Со Координативното […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:48
•
Posted by: MK News
Четири лица починаа од западнонилски треска во Србија во текот последната недела, со што бројот на жртвите од болеста од почетокот на годината достигна 15 лица, пренесе Танјуг. До сега, 159 луѓе во Србија заболеа од западнонилска треска. Вирусот на таа болест првпат е регистриран во земјата во 2012 година, и од тогаш до 2017 […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:46
•
Posted by: MK News
Две жени се убиени, а неколку лица се повредени во напад со нож во Белгија. Непознато лице со нож ги нападнало гостите во ресторанот „Ле Рамиер“ во белгискиот град Мореснет. Британски „Мирор“ пренесува дека починале две жени, како и дека во квартот во кој се случил нападот околу 17 часот, се распоредени специјални полициски сили, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:22
•
Posted by: MK News
Бавно оди истрагата за кочанскиот ориз со Генетски модифицирани организми. Министерството за земјоделство се уште не знае за какво семе станува збор. Државниот инспекторат за земјоделство е на терен и зема мостри од 30тината оризопроизводители, за кои Агенцијата за храна и ветеринарство доставило список дека можеби саделе ГМО ориз. Инспекторатот го презеде овој случај, откако […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:19
•
Posted by: MK News
Тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува на 20 државни објекти низ целата држава, за површина од 133.654 метри квадратни и опфаќа период на набавка од три години, соопшти попладнево Владата, отфрлајќи ги како неточни информациите од некои медиуми дека станува збор за „набавка на цвеќе“. Набавката, според Владата, воопшто не е нова, туку […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:18
•
Posted by: MK News
Учебната година ќе започне на 3 септември. Според Законот секој вработен има право тој ден да биде ослободен од работните обврски. Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете. Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________