Archive by Author

Македонец измамил српски државјанин- му ги земал парите па не се појавил

Српски државјанин вчера во Полициската станица Ресен пријавил дека е измамен од ресенчанецот У.А, од кој требало да откупи јаболка. Ксако што соопшти МВР, пријавителот В.Ш. (40) од Ческовац, заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со ресенчанецот, по што заедно заминале за село Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото каде што е сега. Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во Злокуќани во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвор Идризово: Игор Спаов ја одлежува казната во затворениот дел

Затворот Идризово ја демантира информацијата на порталот Досие. Од затворот велат дека Спасов се наоѓа на издржување на затворската казна во Идризово и тоа во затворениот дел. Од затворот велат дека во целост ги демантираат информациите на порталот Досие кој објави дека Спасов побегнал па се вратил во затворот по полноќ во алкохолизирана состојба.

______________________________________________________________________________________________________

Без вода утре овие места низ Скопје

Без вода утре од 8 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути неколку места во Скопје ќе останат без вода. Имено без вода ќе останат корисниците од С.Г.Г.У. „Здравко Цветковски“ и комплексот околу училиштето. Како што соопштија од Водовод Скопје, прекинот со водоснабдување е поради поврзување на нова линија од Ф-225мм на […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж почина во близина на железничка станица во Скопје

Возрасен маж пред половина час почина пред железничката станица во Скопје. Минувачи се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош. Иако помошта стигнала веднаш, човекот веќе бил починат. Од Брзата помош  рекоа дека најверојатно се работи за масивен инфаркт. Во моментов полицијата врши увид на лице место.

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот на Мартин Нешковски побегнал од затворот во Идризово

Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски побегнал од затворот во Идризово па повторно се вратил во алкохолизирана состојба, јавува порталот Досие повикувајќи се на свои извори. Според порталот, Спасов од Идризово побегнал вчера но утрото околу 2 часот сам се вратил во затворот под дејство на алкохол. Порталот пишува дека тој […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Голема акција на МВР во Тетово: Запленета поголема количина на дрога и оружје

Околу 30 килограми марихуана и оружје пронашла полицијата во два одвоени претреси вчера во Тетовско. Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во куќа и помошни простории на Е.М. (52) село Јажинце, тетовско.При претресот во една од собите биле пронајдени 29 пакувања со марихуана, завиткани со […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео порака од заменичката генерален-секретар на НАТО до Шекеринска и жените во Македонија

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, испрати специјална видео порака до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија. Во пораката, заменичката на генералниот секретар на НАТО, Готемелер, вели: Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на жената. За нас во НАТО, денеска, како и секој ден, го промовираме учеството на жените во […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Заев и сопругата дел од маршот за правата на жените

Премиерот Зоран Заев со сопругата денеска беше дел од маршот за родова еднаквост. – 8 Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. За да го испочитуваме меѓународниот празник, поважно од подароците, треба во нашето секојдневие да дејствуваме против родова стереотипизација и […]

______________________________________________________________________________________________________

Три илјади адвокати пред одлука да ги блокираат судовите

Правна блокада се подготвува врз правосудните институции од страна на 3000 адвокати доколку Владата го одобри новиот предлог закон за нотаријат со кој се одземаат голем број на ингеренции на адвокатите, а им се даваат на нотарите, објави порталот Судство.мк. Новото решение кое е подготвено од страна на Министерството за правда, предвидува адвокатите да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Училиште во Чаир самоволно прогласило неработен ден, се славело Денот на албанските наставници

Практиката на прогласување неработен ден, на своја рака, надвор од законските прописи во училишта на територијата на општината Чаир продолжува и понатаму. Kако што пишува „Нова Македонија“, вчера во основното училиште „Рајко Жинзифов“ им бил неработен ден, иако во согласност со законот овој ден е работен. Причината за ваквата одлука за неработење и губење часови […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се укине задолжителното советување пред абортус

Жените кои сакаат да ја прекинат бременоста нема да мора да одат на задолжително советување, а ќе се укинат и дел од комисиите со цел да се скрати административната постапка во овој процес, но со цел да не се загрозува здравјето на жената. Ова го најави министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на промените […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство и самоубиство на брачна двојка во Прилеп

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство, станува збор за убиство и самоубиство. Мажот имал 81 година, а жената е 76-годишната Илка Нешкоски. Според јавната обвинителка Маријана Илиеска, случајот е пријавен од минувач кој го забележал телото на Мице Нешкоски под балконот од зграда во населбата „Димо […]

______________________________________________________________________________________________________

Со жичница од Кале преку Вардар до Градски парк

Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот. Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. […]

______________________________________________________________________________________________________

Агенцијата за медиуми ги осудува заканите врз Насер Селмани

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани. „Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната […]

______________________________________________________________________________________________________

Евростат: Жените во ЕУ се 16 проценти послабо платени од мажите

Жените во Европската Унија во 2016 година, во просек, биле за 16,2 отсто послабо платени од мажите, што значи дека во просек заработиле 84 евроценти од секое евро кое го заработил маж, објави Евростат. Меѓу земјите-членки во 2016 година, разликите во платите се движеле во опсег од само пет отсто во Романија и Италија, до […]

______________________________________________________________________________________________________

Братот на Асани му се заканувал на Селмани за статусот за пајакот

Бејтула Асани, брат на Бекир Асани преку порака на Фејсбук му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, пренесе Фокус. Од ЗНМ го потврдија настанот и велат дека случајот е пријавен во полиција. Заканата следела поради статусот во кој Селмани вели дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонките трпат сексуално вознемирување и навреди на работа – молчат поради страв од отказ

Четириесет проценти од жените доживеале некоја форма на сексуално вознемирување на работното место, а 31 процент секојдневно добиваат навреди за својата работа од претпоставените, покажуваат светските статистики. Според Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати, голем е бројот на случаи на мобинг врз жените на работното место, но мал е бројот на оние кои […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1