15/04/2021 16:50
•
Posted by: MK News
За неколку конкретни земји, во кои брзо напредува процесот на имунизација, Грција од понеделник ќе ги укине рестрикциите и туристите ќе можат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест да влезат во земјата. -Станува збор за некои земји, и се однесува на посетители кои може да дојдат или со сертификат за вакцинација […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:48
•
Posted by: MK News
Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг. Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:47
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека првите дози на руската вакцина Спутник Ве од белградскиот Институтот „Торлак“ ќе излезат помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува да Србија пред крајот на годината самостојно ќе ја произведува вакцината. -Ќе видиме дали до крајот на годината ќе го произведуваме „Синофарм“ или „Спутник“ и се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:45
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите тврди дека постои втор дел на аферата „Мафија“. Имено, станува збор за нова афера „Мафија 2“,каде што повеќе од 20 илјади граѓани имаат дупликат матични броеви, а во исто време истите ги има на избирачкиот список на повеќе од едно место. Во продолжение фотографиите кои ги […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:44
•
Posted by: MK News
Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19. -Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2021 16:41
•
Posted by: MK News
Германската канцеларка Ангела Меркел во петок ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на „АстраЗенека“, дознава дневниот весник Die Welt. Германската канцеларка, којашто во јули ќе наполни 67 години, ќе се имунизира против Covid-19 со вакцината којашто во Германија, поради проблемите со крвни згрутчувања кај помладите лица, се применува само кај повозрасните од 60 години. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2021 15:35
•
Posted by: MK News
Приватните болници да наплаќаат од 40 илјади до максимум 305 илјади денари за лекување на ковид пациентите, ова е предогот на Владата за решавање на проблемот со клиниките кои со месеци бараат енормни суми за третман на нивните пациенти. -Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2021 15:32
•
Posted by: MK News
Судот ги прогласи за виновни Сашо Мијалков и началниците Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ и Горан Грујевски кои одговараа за злоупотреба на службена положба и помагање во судскиот случај „Трезор”. Заработија затворски казни; Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор, Тони Јакимовски доби 5 години, Небојша Сајковиќ 5, и 15 години за Горан Грујевски кој […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2021 16:15
•
Posted by: MK News
Обвинителството влезе во Инвока Гроуп, фирмата која го изработила софтверот за сообраќајни прекршоци што го набави екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во разговор за Канал 5 потврди дека се собираат докази но не сакаше да открива повеќе детали со објаснување дека […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2021 16:11
•
Posted by: MK News
Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800 илјади евра, а приведен е и висок полициски службеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА. Засега нема подетални информации.
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2021 16:10
•
Posted by: MK News
Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора почина утрово во замокот Винздор. Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:41
•
Posted by: MK News
Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК. – Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:38
•
Posted by: MK News
Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека задолжителните вакцини се легални и повеќе од потребни во демократските општества, пренесува „Дојче Веле“. Ваквата одлука е резултат на жалбата до Судот поднесена од чешки фамилии поради задолжителните вакцини за деца. „Мерките може да се опишат како „неопходни во демократски општества“, стои во одлуката на Судот. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:28
•
Posted by: MK News
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта. При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:26
•
Posted by: MK News
Клиничката болница „Жан Митрев“ соопшти дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, од сега за пациенти кои ќе се лекуваат на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:21
•
Posted by: MK News
Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на Ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени, пишува СДК. „Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:19
•
Posted by: MK News
На Клиниката во Ниш вчера почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев. Докторот Анѓелко Ѓорчев падна во кома само две минути откако ја прими вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:18
•
Posted by: MK News
Германија одобри користење на руската вакцина Спутник В. Првите 2,5 милиони дози ќе бидат наменети за жителите на покраината Баварија. Оваа одлука ќе стапи на сила откако вакцината ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови. Властите во Баварија очекуваат вакцината да се произведува и во баварскиот град Илертисен, а процесот може да започне уште […]
______________________________________________________________________________________________________