Archive by Author

Групата „Бернајс пропаганда“ добила средства за концерт без да знае за тоа

Македонската филхармонија доби 4.600 евра од Министерството за култура за концерт со групата „Бернајс пропаганда“ кој е планиран за 27 април оваа година, Но, од „Бернајс пропаганда“ велат дека воопшто не знаат за овој концерт и дека не потпишале никаква апликација, објави српскиот портал „Равно до дна“. Од таму наведуваат дека засега е непознато зошто […]

______________________________________________________________________________________________________

Марјан Цветковски останува директор на МРТ

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими. На Цветковски мандатот му истекуваше во март годинава. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор.

______________________________________________________________________________________________________

Никола Тодоров и дедото на Тамара од Велес денеска во суд

Ново судско рочиште за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров треба да се одржи денеска во Кривичниот суд. Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои треба да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Снежна лавина кај манастирот Бигорски, патот Маврово- Дебар целосно во прекин

Лавина, поголема од синоќешната, утрово повторно го блокира сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во мавровско-реканскиот крај од вчера има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите на СВР Тетово, утрово околу шест часот, повторно дошло до срушување на лавина во близина на бензинската станица кај Бигорскиот манастир на стотина метри од местото каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејствата на загинатите планинари со писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Навистина е згрозувачки повикот на квази планинарското друштво „Трансверзалец„ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Александар. Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на […]

______________________________________________________________________________________________________

Телата на Калина и Александар донесени во Македонија, погребот во четврток

По завршената обдукција во болницата во Воден телата на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски денеска со автомобил пристигнале во Македонија. Нивниот погреб ќе се одржи во четврток. Младите планинари Калина и Александар загинаа во саботата искачувајќи се на Кајмакџалан. Во еден момент тие се одвоиле од групата и им се губи трагата. Временските […]

______________________________________________________________________________________________________

Обичаи за денешниот празник Св. Трифун

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет […]

______________________________________________________________________________________________________

Лавина на патот Маврово-Дебар – Монасите од Бигорски први помагаа

Во расчистувањето на снежната лавини на патниот правец Маврово-Дебар, синоќа први се вклучија монасите од Бигорската обител. Според градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, благодарение на нивната ангажираност се успеало да се оспособи простор за да може да се минува. Потоа пристигнале и два багера на дебарската секција на „Македонија пат“ кои во […]

______________________________________________________________________________________________________

Подгответе се за обилни врнежи дожд, доаѓа и снегот – снежна покривка од 45 сантиметри

Најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри, Крушево 26, Ѓуриште 20… Времето Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните […]

______________________________________________________________________________________________________

Не се согласувам со моето разрешување, но ќе почитувам, вели ексдиректорот на Агенцијата за туризам

Разрешениот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, со огласи на „Фесјбук“ за својата работа и одлуката на Владата за неговото разрешување. Донев тврди дека започнал процеси, а немал време да ги реализира. „Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборувам за тоа што се случуваше овие неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Темпирана бомба во дворот на Охис – опасниот линдан пронајден во крвта на 8-годишни девојчиња

Сите што треба, знаат дека во дворот на некогашниот гигант Охис во Скопје лежи темпирана бомба, но за нејзино деактивирање досега не е направено речиси ништо, објави “360 Степени”. Илјадници тони токсичен отпад се депонирани овде во дворот на ОХИС. Отпадот е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката. Меѓу токсичните […]

______________________________________________________________________________________________________

Одрон на патот Кочани-Македонска Каменица: Сообраќајот во прекин од саботата

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) очекуваат до утре да биде отстранет одронот на патот Кочани – Македонска Каменица во близина на село Истибања и да се нормализира сообраќајот што е во прекин од саботата. – Вчера е направено дополнително минирање на остатокот од ризичната карпа, во текот на денов треба да се утврди […]

______________________________________________________________________________________________________

Им барала 400 евра за да ги вработи во Министерство за здравство

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишната Е.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела – “измама“, казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија. Е.С. во периодот од јуни до август минатата година, лажно повикувајќи се на лица на […]

______________________________________________________________________________________________________

Продавале дрога на малолетници преку Фејсбук: Меѓу уапсените и дете од 14 години

Тужителите на мексиканската сојузна држава Сонор соопштиле дека 9 лица се уапсени поради сомнеж дека нуделе дрога на малолетници преку Фејсбук и други апликации за допишување. Наведено е дека се уапсени осум момчиња, на возраст од 20 до 23 години, како и едно 14 годишно момче, пренесува АП. Тужителите наведуваат дека успсените им продавале на […]

______________________________________________________________________________________________________

Лицата уапсени поради убиството на Ивановиќ се пуштени на слобода

Основниот суд во Косовска Митровица вечерва ги ослободи двајцата полицајци кои беа уапсени пред два дена под сомнение дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ, јавува „Коха диторе“. Веста за весникот ја потврди и главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица, Шуќри Суља. Обвинителството утрово побара од судот едномесечен притвор за осомничените. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите зборуваат за неговата реакција: Хрват му дофрлувал на Вучиќ на улица, па тој возвратил (видео)

Српскиот претседател Александар Вуќиќ вчера беше во посета на Хрватска каде оствари средби со државниот врв. Чекориејќи по улица тој доживеал непријатна случка, кога човек од позадина му дофрлувал прашања провоцирајќи го претседателот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Миро Буљ човекот кој дофрлувал, алудирал на говорот на Вучиќ од 1995 година и го „повикал да […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов: Скопје веќе нема да биде загаден град

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува годинава да почне гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење и да се зголеми енергетската ефикасност на објектите кои се под градот Скопје. – Едноставно тоа е борба во која веќе востановената и утврдената стратегија од моја страна како градоначалник во […]

______________________________________________________________________________________________________

Бутарис: Аеродромот „Македонија” да се преименува во “Никос Галис”

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“. – Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1