21/01/2018 15:01
•
Posted by: MK News
Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе. Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2018 14:55
•
Posted by: MK News
Басистот на групите The Kinks, Argent и The Zombies, Џим Родфорд починал по пад од скали, пренесува Би-Би-Си. Родфорд имал 76 години, а не е познато како точно паднал, пo што го загубил животот. Британскиот музичар помина речиси 20 години во бендот The Kinks на кој му се придружи во 1979 година. The Kinks важат […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2018 14:53
•
Posted by: MK News
Со паролата „Македонија значи Грција“, неколку грчки здруженија и организации на грчката дијаспора, почнаа протестен митинг во Солун. Изминативе неколку дена, низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест. Организаторите не прифаќаат било какво име за нашата држава кое ќе го содржи терминот Македонија и бараат организирање на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2018 14:50
•
Posted by: MK News
Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската наслебад Чаир. Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла жена од Тетово, која нападнала друга жена со секира. Нападнатата потоа ја прободела со нож и ја убила жената од Тетово. Таа била испратена со возило за брза помош […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 19:07
•
Posted by: MK News
Благодарение на заедничка акција на словенечките и хрватските безбедносни сили, прекинат е меѓународен ланец на организирана криминална група што се занимавала со трговија на луѓе. Хрватското МВР соопшти дека неговите полициски службеници во координација со словенечките, спровеле истрага за експлоатација на голем број луѓе. Групата присилувала Кинези да работат во кол-центри, на тој начин учествувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 19:03
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија, Александар Вукиќ положи венец со цвеќе на местото на убиството на водачот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, за време на неговата посета на Косово. Ивановиќ беше застрелан на почетокот од неделата, кога го напушти седиштето на неговото граѓанско движење „Слобода, демократија, правда“ во Косовска Митровица. Кратко по неговиот атентат, српскиот претседател објави […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 19:01
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи им наметна нова обврска на физичките лица кои оствариле приход над еден милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници. Рокот за регистрација истече пред три дена односно на 15-ти јануари. Идејата и физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници наиден на остри критики во јавноста. Во образложението, објавено на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 18:59
•
Posted by: MK News
Оливија Луа е петтата актерка во порно филмови која почина во изминатите три месеци. Проблемите со дрога и алкохол, како и долгогодишната борба со ментални болести и справување со злоставување се главните причини за самоубиство или случајно предозирање на актерките од порно индустријата. Луа, која работеше под името Оливија Волтер, починала вчера, на 23-годишна возраст. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 17:26
•
Posted by: MK News
Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, во 14.30 часот избувнал пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување. – Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета. Нема повредени – изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Теротиријалната противпожарната единица […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 16:23
•
Posted by: MK News
Рокерот Мерилин Менсон објави мистериозен твит, навестувајќи дека холивудскиот актер Џони Деп би можел да му се придружи на неговиот бенд. Претходно Деп веќе учествуваше во проектот на Менсон и му помогна да ја сними песната „You’re So Vain“. Актерот се вклучи на тапани и гитара. Менсон и Деп се најдобри пријатели, имаат исти тетоважи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 16:16
•
Posted by: MK News
Четворица Македонци се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на патот Добриниште – Банско, во Бугарија. Автомобилот во кој се возеле македонските државјани излетал од патот и се превртел неколку пати. Повредените патници, до најблиската болница во Разлог биле пренесени со две амбулантни возила. Во нивното извлекување учествувале и припадниците на противпожарната […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:55
•
Posted by: MK News
На многумина им е добро познато дека македонската актерка Јелена Јованова е во пријателски односи со светски познатата Анџелина Џоли уште по снимањето на филмот „Во земјата на крв и мед“ во режија на Џоли. Јелена во многу наврати истакнуваше дека таа и Анџелина се во контакт и после снимањето на филмот, а сега објави […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Џенифер Гејтс, ќерката на еден од најбогатите луѓе на светот , милијардерот Бил Гејтс , живее скромно и обично. Иако на нејзниот Инстаграм профил сите очекуваа да видат фотографии од луксуз , таа живее обично и скромно. 21- годишната Џенифер Гејтс сподели и фотографии од нејзиниот дечко , со кого се заедно на универзитетот Станфорд. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:46
•
Posted by: MK News
Освен македонскиот јазик и албанскиот е официјален во сите институции во Република Македонија, порача претседателот на ДУИ Али Ахмети, во емисијата „200“ на телевизијата Алсат-М. -Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:42
•
Posted by: MK News
Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:32
•
Posted by: MK News
Чарлс Барнет III , човекот кој го држи светскиот рекорд во специјално конструирани автомобили , заедно со лидерот на опозицијата на Зимбабве и други три лица загинаа во хеликоптерска несреќа. Несреќата се случила во Њу Мексико , кога групата пријатели летале кон ранч во оваа Американска држава. Британецот Барнет и е познат на светската јавност […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Мора да се започне истрага, пресуден придонес во истрагата ќе бидат Американските истражители. Американската разузнавачка агенција ЦИА сигурно знае кој го уби лидерот на СДП Оливер Ивановиќ, изјавил воениот аналитичар Мирослав Лазански. -Доколку убијците на Ивановиќ не се откријат, тоа ќе значи само едно – дека тие убијци се под заштита на САД, рекол Лазански. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Денеска е Собор на св. Јован Крстител. Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака […]
______________________________________________________________________________________________________