18/01/2018 15:41
•
Posted by: MK News
Тим на нуркачи во областа на источно Мексико истражувале подводна пештера долга 347 метри. Се верува дека тоа е најдолгата подводна пештера во светот. Пештерата била откриена во рамките на проектот „Gran Acuifero Maya“, посветен на истражување на лавиринтите од подводни канали на полуостровот Јукатан. Научниците во близина на одморалиштето Тулуму откриле дека пештерскиот систем […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:33
•
Posted by: MK News
Македонија покажа дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот. Со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО, беше истакнато на денешната средба на министерката за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:31
•
Posted by: MK News
Бугарската Влада денеска го усвои Меморандумот меѓу владите на Македонија и Бугарија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, соопшти прес службата на бугарската Влада. Меморандумот на заедничката седница во Струмица, на 23 ноември минатата година, го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:29
•
Posted by: MK News
Согласно дипломатската пракса, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од Министерството за надворешни работи за МИА во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името, Васко Наумовски. „Учеството во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:28
•
Posted by: MK News
„Џаванка“, како што американските медиуми ја нарекуваат една од најмоќните двојки во светот, ќерката и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и Иванка Трамп, одамна е предупредена за опасноста која го крие нивното пријателство со Венди Денг Мердок (49), со која долги години се пријатели. Венди е поранешна сопруга на Руперт Мердок, сопственикот на „Њуз […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:25
•
Posted by: MK News
„Завршивме со Косово, веќе никогаш нема таму да се вратиме“ – ова го порача Милена Ивановиќ, сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, која вчера, во поворката на тагата, со посмртните останки на лидерот на косовските Срби, пристигна во Блеград. Селедејќи го сопругот до неговиот вечен дом, Милена рекла дека нејзиниот син и таа немаат повеќе што […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Убиство на познато лице од грчкото подземје ја стави на голема мака полицијата на јужниот сосед, пишуваат локалните медиуми. Доцна синоќа на булевар Атинон во населбата Хајдари во Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на компанијата на убиениот, двајца мажи со мотор го пресретнале автомобилот во кој се наоѓал Василис Стефанакос. Во него пукале од калашников, а […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:22
•
Posted by: MK News
Вчера околу 14.15 часот на локалниот пат за с.Долна Бела Црква-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патичко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.М. (46) од с.Јанковец, ресенско и патничко возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (62) од Ресен.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и осумгодишно […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:20
•
Posted by: MK News
Националното собрание во Бугарија едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. На прво гласање, законот беше усвоен едногласно од страна на 182-ца пратеници, а на второ беше поддржан од сите 186 пратеници. Во понеделникот, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:19
•
Posted by: MK News
Стојанче Стоилов кој промаши огромна шанса во последните секунди од натпреварот со Германија со навивачите сподели што се случувало во соблекувалната по мечот. Стоилов одигра одличен натпревар против Германија, можеше да биде и херој на мечот но не реализираше зицер на 12 секунди до крајот. Сепак вечно ќе се памети неговиот гол со шрауба кој […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:18
•
Posted by: MK News
Убиството на Оливер Ивановиќ внесе тага и немир кај граѓаните на косовска Митровица овие неколку дена. Сите се едногласни во едно, заминува човек кој со својата политика остави траен белег меѓу косовските Срби. Жителите на косовска Митровица не ја кријат болката и тагата. -Тешка е оваа болка за секој Србин. Голем човек си заминува. Ова […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:16
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. На средбата се разговараше за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса. Претседателот Иванов и генералниот секретар Столтенберг, оценија […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:14
•
Posted by: MK News
Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не е изненадување за вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи иако, како што вели, е разочаран од постапката.o – Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака – […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:10
•
Posted by: MK News
Од силниот ветар утрово се урна улична светилка пред Собранието, на коловозот на булеварот „11 Октомври“. За среќа, нема повредени и настрадани, зашто канделабрата паднала додека во паркот Жена-борец се одржуваат анти НАТО протести на Левица и Солза Грчева. Голем број на полицајци веднаш се собрале не местото каде што паднал столбот, но незгодата не […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:08
•
Posted by: MK News
Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас. Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат. Исто така, се верува дека сите […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:07
•
Posted by: MK News
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 16- годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Пријавените на 6.ноември минатата година околу 18,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:05
•
Posted by: MK News
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. С.С. на 28.декември минатата година околу 11.00 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт. Откако вработениот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2018 15:04
•
Posted by: MK News
Во текот на изминатата ноќ, непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен. Случајот е пријавен во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, очекуваме надлежните служби да ги откријат сторителите. […]
______________________________________________________________________________________________________