09/01/2018 13:28
•
Posted by: MK News
Педесетгодишниот Р.С починал во автомобил покрај реката Укрина во околина на Прњавор. Љубовницата Д.Л, со која бил, пробала да му помогне, па побарала помош во најблиската куќа. Р.С (55) од Прњавор починал во својот автомобил на локалниот пат покрај реката Укрина близу до градот од последица на срцев удар во момент додека бил во прегратка […]
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2018 13:27
•
Posted by: MK News
Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан. Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше […]
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Во Единицата за информации и команда Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје вчера околу 17 часот било пријавено дека при гасење на пожар во стан на улица „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело на Ј.А. (62). Со пожарот, кој наверојатно настанал од украсни сијалички на новогодишна елка, била опожарена дневната соба. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2018 13:25
•
Posted by: MK News
Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Во центарот на Софија, на еден од градските булевари, денеска е убиен бугарскиот бизнисмен, 49 годишниот Петар Христов. Христов е убиен во близина комплексот Манастирска ливада и бил застрелан со неколку куршуми додека бил во својот џип. Полицијата пријавата ја добила некаде после 10 часот, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи. Според пишувањата на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Бесплатен градски превоз се до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничувањето на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки кои што Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција апелираше […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник, објави ексклузивно порталот Досие. Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28- годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво. -Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:50
•
Posted by: MK News
Српскиот пејач Дадо Полумента заврши во болница бидејќи „си играше” со петарди. -Со оваа фотографија, сакам да апелирам до сите луѓе кои сакаат да фрлаат петарди, а посебно до децата. Петардите веќе не се како што беа некогаш кога бев јас дете. Ова се воглавно кинески производи и повеќете се целосно лоши и опасни по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:48
•
Posted by: MK News
Родители на двајца ученици од основно училиште во Панчево, Србија, платиле казна од 5.000 динари затоа што децата побегнале од часови. Ова е прв случај за примена на новиот закон за образование кој предвидува одговорност на родителите за неоправданите отсуства на децата од наставата. Судот во Панчево поднел вкупно 88 вакви пријави против родители, од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:44
•
Posted by: MK News
По божиќните празници нова цена на горивата во Македонија. Регулаторната Комисија за енергетика утре ќе ја донесе одлуката, две недели по последната мерка со која горивата поскапеа за половина денар по литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,50 денари по литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,00 денари. По последното зголемување на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:43
•
Posted by: MK News
Начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата, а за расчистување на какво било сомневање околу прекршување на законските одреди од областа на образованието, Министерството за образование и наука (МОН) утре ќе побара од Државниот просветен инспекторат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата, велат од МОН по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:38
•
Posted by: MK News
Поголем број на граѓани останале со блокирани сметки и за време на Божиќните сметки како последица на правните дејствија преземени од извршителите, велат од иницијативата „Стоп за извршители“ за 24Вести. – Според наши информации, тие продолжуваат и понатаму со блокада на граѓаните, без разлика дали е петок попладне, дали е празник. Премиерот најави нов Закон, дали […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:37
•
Posted by: MK News
Скопјанец си го опожарил својот стан и нападнал полициски службеници, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 10.27 часот во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека на ул. „Даме Груев“ во стан на вториот кат имало пожар. Полициски службеници излегле на местото, каде бил затекнат В.М. (39), кој го опожарил својот стан. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:44
•
Posted by: MK News
Утрово, избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари. Пожарот во Противпожарната единица е пријавен во 8:10 часот утрово, а е изгаснат по еден час, информираат надлежните од Териоторијалата противпожарна единица од Куманово. Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:44
•
Posted by: MK News
Малолетно девојче од Гостивар вчера исчезнало, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гостивар, И.П. (49) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот, неговата 15-годишна ќерка излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:42
•
Posted by: MK News
Денеска е вториот ден од Божиќ, кога христијанската Црква и оддава слава на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос. Ова празнување се нарекува нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават нејзе, која е Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:40
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе престојува во посета на Атина. Предвидено е да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос. – Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, во вторник на 9 јануари ќе му приреди работен ручек на вицепремиерот на Поранешната […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:39
•
Posted by: MK News
„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по синоќешното интервју на македонскиот премиер за грчката телевизија Алфа. Грчките медиуми, […]
______________________________________________________________________________________________________