23/12/2017 15:48
•
Posted by: MK News
Скопјани на телефонскиот број 193, кој ќе биде достапен 24 часа, ќе можат да пријават доколку некој пали оган на отворено. За да се справиме со проблемот со горењето пластики, гуми, неквалитетни дрва на отворено, што, како што рече градоначалникот на Град Скопје, формирани се тимови од претставници на Градот, Министерство за труд и социјална […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:41
•
Posted by: MK News
Дваесет годишниот С.Н. од Скопје вчера на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед. Подоцна од лекар му се констатирани повреди на десната потколеница, а по укажаната помош е пуштен на домашно лекување
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:38
•
Posted by: MK News
На пратеникот Крсто Мукоски кој е еден од приведените за настаните од Собранието на 27. април, вечерва му се слошило во затворот, дознава Република. По интервенцијата на затворскиот лекар, со возило на Брзата помош бил пренесен на скопските клиники на контрола, но набрзо бил вратен во затворот во Шутка. Засега не се познати повеќе детали.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:34
•
Posted by: MK News
На 70 пожарникари се одидуваа да го изгаснат пожарот кој изби денеска во Зоолошката градина во Лондон, а засега нема информации дали некое животно е повредено. Пожарот избил во кафулето и продавница во Зоолошката градина, соопшти пожарната служба. Во нивниото соопштение се додава дека пожарот сега е под контрола, но пожарните служби ќе останат на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:31
•
Posted by: MK News
Жика Тодоровиќ и неговата сопруга ги поминуваат најтешките мигови откако вчера го загубија синчето. Според резултатите од обдукцијата, малиот Дејан кој имаше смао три години, бил болен и пиел антибиотици, тие денови не одел на градинка, а починал откако срцето едноставно му престанало, она од кое се плаши секој родител. Овие случаи се ретки, велат […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:26
•
Posted by: MK News
По кратко боледување почина д-р Јосиф Наумовски, доктор на медицински науки истакнат интернист-кардиолог и еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија, хуманист и вљубеник во уметноста. Погребот ќе се изврши во недела, на градските гробишта Бутел.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:25
•
Posted by: MK News
Едно повредено лице е пренесено во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“ по сообраќајна несреќа која се случила на булеварот „Александар Македонски“, јавува Курир. Според првичните информации со кои располага полицијата, автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки, се превртел на кров по удар, најверојатно во банкината.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:22
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Карпош, 34-годишниот В.В. од селото Стење, ресенско, пријавил дека истиот ден околу 11 часот во Скопје, на улицата „Скупи 6“, поточно во станбениот комплекс „Св.Јован“, додека бил на своето работно место, дошле две лица, влегле во неговата канцеларија, ја заклучиле вратата и извадиле некакви документи и му […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:21
•
Posted by: MK News
Во 14 часот и 30 минути во Полициската станица Тетово, се јавил 61-годишниот Џ.С. од селото Селце-Тетово, и пријавил дека од пред два месеци од дома се оддалечила неговата ќерка. Се работи за 24-годишната Г.Е. од селото Сенокос, која со себе ја понела и нејзината 16 годишна сестра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сестрите.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:18
•
Posted by: MK News
Во 03 часот синоќа, 25-годишниот Д.Д. од Скопје, пријави дека на 21. месецов во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко. Се работи за 46-годишниот К.Д. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:15
•
Posted by: MK News
Четворица ученици од трета година во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје физички нападнале двајца свои врсници, ученици во истото училиште. Случајот во полиција го пријавил вработен во училиштето вчера утрото околу 10 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:13
•
Posted by: MK News
Кажавме јавно дека на последните локални избори имаше масовен поткуп подржан од полицијата, многу притисоци, закани, уцени и заплашувања. И заради тоа ВМРО ДПМНЕ не ги призна изборите, тие се едни од најнедемократските избори во Македонија. Кажавме и дека дел од нашето членство беше разочарано од раководството на партијата и заради тоа не гласаше, изјави […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, денеска беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доби плакета за благодарност за неговата досегашна работа низ годините. Инаку, тој денеска имаше долго обраќање пред присутните кандидати. Единствен кандидат кој има кандидатура да го замени е Мицковски.
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:55
•
Posted by: MK News
Неодобрен кредит било причина за жестока расправија, помеѓу клиент и банкарка од експозитура во Скопје. Како што пишува Курир, инцидентот се случил завчера околу 14:50 часот во експозитура во населбата Карпош кога обезбедувањето во објектот морало да интервенира и да повика патрола. Во експозитурата, клиентот почнал недолично да се однесува и расправа со банкарката која […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:54
•
Posted by: MK News
Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика. Во подзаконските акти на Законот за енергетика што ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:53
•
Posted by: MK News
54 годишна докторка од Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела „несовесно лекување болни од страна на лекар“. Според полицијата, во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:51
•
Posted by: MK News
Седумдесетина пациенти со рак скоро месец дена чекаат за потребните испитувања во ПЕТ Центарот зошто немаат реагенси. Проблемот е во тендерската постапка бидејќи установата почна да работи непосредно пред промената на Власта. Од ПЕТ Центарот за Сител велат дека прават напори да обезбедат донации на потребните материјали за да можат после Нова Година да продолжат […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2017 20:40
•
Posted by: MK News
На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово присутни се 411 од вкупно запишаните 544 делегати, заклучи верификационата комисија на Конгресот. Тоа е доволен број на делегати за одржување на Конгресот според Статутот на партијата, објави А1он. Во салата во Валандово не се присутни потписниците на писмото со кое што […]
______________________________________________________________________________________________________