18/12/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Православните христијани во Македонија утре го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците… Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2017 16:11
•
Posted by: MK News
На 74 години, почина Стамен Филипов, правник во пензија, човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставен суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија. Филимов или како што го нарекуваа новинарите „уривачот на закони“, „борецот против лошите закони“, човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја беше симбол на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2017 16:07
•
Posted by: MK News
Основачот на фармацевтската компанија „Апотекс“, канадскиот милијардер Бери Шерман (75) и неговата сопруга Хани биле убиени со задушување, соопштија полициските власти во Торонто. Аутопсијата покажа дека смртта кај двете жртви настапила поради задушување, се наведува во извештајот, при што се истакнува дека Одделот за убиства е одговорен за истрагата за случајот. Бери Шерман беше еден […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2017 16:05
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски мести и оти нема да има поголема реконструкција на Владата. – Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2017 16:02
•
Posted by: MK News
Во Кривичниот суд денеска почна судењето за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред две години чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство, на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство со гасен пиштол пукаше во Тодоров, кој не беше […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:18
•
Posted by: MK News
Селма Хаек во средата во колумната за „Њујорк тајмс“ проговорила за сопственото непријатно искуство со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, кого во последните неколку месеци десетици актерки го обвинија за сексуално вознемирување, пренесува „ЈуЕс тудеј“. Актерката Селма Хаек изјавила дека доживеала „кошмарно искуство“ откако го одбила холивудскиот продуцент Харви Вајнстин во текот на снимањето на филмот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:15
•
Posted by: MK News
Д.А. (25) од с. Косел, охридско, вчера во СВР Охрид пријавила дека била касната од куче. Инцидентот се случил вчера изутрина, околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Силната бура во Јадранското Море на плажа во Дубрновник исфрли експлозивна направа, за којашто подоцна е констатирано дека потекнува од Втората светска војна. Полицијата го изолирала овој дел од Дубровник, а експерти ќе ја деактивираат мината и истата ќе биде отстранета од плажата.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:08
•
Posted by: MK News
Внатрешна контрола на МВР го открила полицаецот од Посебната единица за поддршка кој го сликал Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи во дворот на истражниот затвор Шуто Оризари, јави Алфа, повикуваќи се на извори во полицијата. Судот му одреди 30 дневен притвор на Митко Чавков поради настаните во Собранието на 27 април годинава.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:05
•
Posted by: MK News
Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, активистите за заштита на животните на денешниот протест побараа похуман однос кон животните и да се открие кои се тие што ги трујат мачките и кучињата во последниот период. Со години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени: […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 15:01
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје. Како што информиораат од МВР, патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скојпе, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 14:58
•
Posted by: MK News
Уште едно силување ја потресе Македонија. Според информациите на МВР, вчера Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 14:54
•
Posted by: MK News
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 14:52
•
Posted by: MK News
Православните верници денеска го слават Варваринден или Варвинден, еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус, кој секогаш се паѓа на 4 декември, односно на 17 декември, по стариот календар. Меѓу народот постои верување дека на овој ден не се оди никаде на гости, туку се седи дома. Тој прв што ќе влезе во куќата […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:24
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина на моменти ќе достигне околу 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час, јавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќта врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат на западот и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:22
•
Posted by: MK News
Четиринаесетгодишно момче од Скопје вчера во 17:45 часот, пријавило дека непознато лице извршило разбојништво врз него. Во соопштението од полиција се вели дека, кога момчето влегло во влезот од зградата, сторителот со закана со пиштол му го одземал мобилниот телефон, по што побегнал во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:18
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои присуствуваа искажаа незадоволство од состојбата со загадениот воздух и свои предлози за тоа како би можело да се намали загадувањето, но исто така ги критикуваа своите сограѓани скопјани поради тоа што не им се придружија пред зградата на Владата. Повеќето од нив се согласни дека што и да се преземе, нема да го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:17
•
Posted by: MK News
Ролеркостер поставен на „Saraevo holiday market“ се превртел и повредил две лица. Како што пишуваат тамошните медиуми, повреден е еден човек кој во тој момент бил со својата ќерка во еден од вагоните. Екипата на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на лице место. На местото на настанот присутна е и полициска екипа, која ги истражува […]
______________________________________________________________________________________________________