14/12/2017 17:30
•
Posted by: MK News
Министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, најави дека ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието. Ибраимовски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:26
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалните мрежи испрати порака до кандидатите за иден претседател на партијата, нивните соработници и делегатите на Конгресот на кој ќе се бира следниот партиски лидер. -Поминаа три дена од одлуката за одржување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Собирањето потписи за поддршка и внатрепартиската кампања започна. Чувствувам потреба да испратам […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:23
•
Posted by: MK News
Преку мрежате на мобилниот оператор ОнеВип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик. Од ОнеВип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестираше со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет. – По брзата интервенција на екипите на ОнеВип говорните услуги […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:19
•
Posted by: MK News
Скопје руши рекорди со загадениот воздух, ситуацијата е алармантна, а нивото на штетни ПМ10 честички е многу високо. Вчера беше најзагадено во Ректорат и Карпош, каде ПМ10 честичките беа речиси 600, а не заостанаа ни другите скопски населби. И утрово е екстремно загадено во сите скопски населби, особено Карпош, Ректорат, Лисиче, Гази Баба. Скопје е […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:15
•
Posted by: MK News
Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска потврди дека се заршени разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ во врска со владиниот состав. – Завршени се тие работи меѓу Ахмети и Заев, рече денеска во Собранието Груби по завршувањето на прес-конференцијата во врска со амандманската расправа за законот за јазиците. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:04
•
Posted by: MK News
Лекарите предупредуваат: Загадениот воздух најлошо влијае врз децата, трудниците и лицата со хронични заболувања Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме. Вака доктор Мими Кимовска Христова, педијатар и член на коалицијата О2 за чист воздух ја опишува денешната состојба во главниот град, но таа веќе 4 години постојано алармира и предупредува […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 16:59
•
Posted by: MK News
Скопје и денеска е најзагадена општина во државата. Мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, кај Ректорат 395 микрограми на метар кубен, Карпош 383, Центар 316, Лисиче, 291 и Гази Баба 261. ПМ10 честичките покажуваат извесно надминување и во Куманово, 124 микрограми на метар кубен, како и во Велес,106. Во услови на висока загаденост […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 16:57
•
Posted by: MK News
Триесет и осумгодишната Џ.Б. од скопската населба Илинден вчера во МВР пријавила дека дента додека се движела по улицата 19 во населбата била нападната од четири кучиња скитници. Според тврдењето на жртвата, едно куче ја каснало за грбот. Откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 16:53
•
Posted by: MK News
Општина Центар и полициската станица Центар апелираат граѓаните да им помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје. Како што рече денеска на прес-конференција градоначалникот Саша Богдановиќ, предвидени се и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок. – Отров се расфрла веројатно по 20 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 16:48
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска оцени дека е политички мотивирана иницијативата на Фејсбук преку која родители најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште во знак на револт од загадувањето во Скопје. – Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 04:05
•
Posted by: MK News
Голема сообраќајка кај Бриколаж – карамбол од неколку автомобили (Фото)
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 21:28
•
Posted by: MK News
Српското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда донесе голем инцидент на јужната трибина на стадионот на „Хумска“, каде вообичаено се најжестоките навивачи на „црно-белите“. Медиумите пренесуваат дека се работи за тепачка во која настрадале и членовит на една фракција на „Гробарите“, а колку сериозна била ситуацијата покажува што дел од фановите биле спасувани од специјалната […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 21:27
•
Posted by: MK News
Во јануари наредната година, во Основниот суд Куманово ќе започне судската постапка против Љубомир Митев, старецот од кратовско кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници. 78-годишниот старец во јануари ќе седне на обвинителна клупа откако едниот крадец го уби, другиот го рани. Во април 2015 година, по барање на адвокатите на Дедо Љубе, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 21:25
•
Posted by: MK News
Евтината тарифа на струјата во сегашниот облик нема да постои. Дали и во кој термин домаќинствата ќе имаат евтина струја ќе зависи од снабдувачот кој ќе го изберат на слободниот пазар кој пак наместо моменталниот период на евтина струја од 14 до 16 часот и 22 до 06 часот наутро ќе може да понуди друг […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 21:12
•
Posted by: MK News
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат ниту на утрешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која ќе се расправа за Законот за јазиците, за кој партијата има поднесено осумдесетина амандмани. „Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 20:46
•
Posted by: MK News
Годишниот метеорски дожд „Геминид“ е една од најспектакуларните глетки, а оваа година се очекува да биде најдобра досега. Вечерва, помеѓу 13-ти и 14-ти декември, сѐ што треба да направите е да погледнете нагоре и да уживате во неверојатното „светлечко шоу“ кое ќе го искуси цел свет. Според НАСА, метеорскиот дожд ќе биде најдобро видлив помеѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 20:32
•
Posted by: MK News
Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска одржа рочиште по жалбата на Обвинителството, кое ја спори ослободителната пресуда за лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ. Шешељ одбива да учествува во натамошниот тек на судењето, откако беше пуштен на слобода во Србија поради здравствени причини во 2014 година, па беше застапуван од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2017 20:31
•
Posted by: MK News
Жешка атмосфера на амандманската расправа за законот за јазици. Се скараа Артан Груби како претседател на комисијата за европски прашања и пратеничката група на БЕСА. Во тој момент комисијата расправаше по амандманот на БЕСА за промена на името на законот од закон за употреба на јазиците во закон за употреба на албанскиот јазик. Амандманот не […]
______________________________________________________________________________________________________